Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди во опозиција
Македонија

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди во опозиција

февруари 12, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави вечерва дека партијата е подготвена да оди во опозиција, ако Социјалдемократскиот сојуз се договори со ДУИ.

Во интервјуто за ТВ Нова, тој оцени дека барањата на „интегративците“, меѓу кое е и воведување на албанскиот како втор официјален јазик во Македонија, не им помагаат ни на Албанците, ниту на Македонците.

„Тоа се барања со кои се прави нетрпелливост и ќе не раскара едни со други. Ние сакаме да им помогнеме на сите, да имаат подобар живот со запослување, а не со такви нелогични барања“, рече Груевски.

Тој истакна дека неговите преговори со долгогодишниот партнер ДУИ околу формирањето на новата коалиција пропаднале кај прашањето за двојазичност. Додаде и дека не можел да го прифати ниту барањето за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, но откри интересен детал поврзан со СЈО.

„Влеговме отворено во преговорите, но видовме дека на ДУИ не и се брзаше. Кога ги почнавме разговорите бевме соочени со барањето за двојазичност на целата територија, за  изедначување на албанскиот и македонскиот јазик. Ние им кажавме дека тоа е нешто што не е добро да се прифати, дека е нелогично да има двојазичност на цела териотрија и второ албанските граѓани кои живеат во северозападниот дел од државата имаат права за употребата на јазикот. А, не сакавме да разговарме за платформа потпишана во други држави“, рече Груевски и додаде:

„Не дадов согласност за продолжување на мандатот на СЈО, а и ДУИ го имаат истото мислење иако не сакаат да признаат“

Одредени надворешни фактори правеа се за да му помогнат на СДСМ. Еден дел е преку медиумите, а друг дел на влијание се вршеше од оџа преку оџа. Сега е модерно кај Албанците да се против ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е фенси“, Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Од нас ДУИ никогаш не барале писмени гаранции, сме имале потсетници, но никакви потпишани договори сме немале. Но, ги разбрам зошто од СДСМ сега бараат. Заев секогаш свесно лаже“

Мајски договор не постои, има мајски разговори, посочи Груевски и повтори дека ако сега ДУИ го наруши принципот победник со победник, треба да се свесни дека нешто што барале и тешко го добиле, не смеат повеќе да го побараат повторно.

„Ако сега се наруши овој принцип, кажав дека тој што ќе дојде во штабот да бара коалиција по овој принцип, ќе го истерам на клоци“, рече Груевски.

Јас пред година-две предложив мерки да се справиме со медиумите, но не бев поддржан во партијата

Груевски предупреди дека ниту градоначалниците на ДУИ нема да добијат повеќе поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и сега стравуваат од локалните избори.

„Со оглед на тоа што имаат досега сработено и треба да се плашат.“

Поранешниот премиер против кого во моментов се водат повеќе постапки за сторени кривични дела, во интервјуто истакна дека последните десет години работел на сите граѓани на Македонија да им биде подобро и дека нема ништо против Албанците, а дека „медиумите кои ги финансира Сорос направиле впечаток дека неговата партија е против Албанците“.

„Медиумите на Сорос“ Груевски ги обвини и за изборниот резултат. Тие, а и некои странски центри на моќ, работеле на уривање на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

„Последните две години медиумите кои се под контрола на Сорос имаа задача да не оцрнат и претстават како антиалбанци, за да се доведат албанските партии во непријатна ситуација ако коалицираат со нас. Јас пред година-две предложив мерки да се справиме со медиумите, но не бев поддржан во партијата. На овие избори иако сите викаме дека беа демократски, претходеше година на сериозно влијание од надвор за да се влошат позициите на ВМРО-ДПМНЕ. Одредени надворешни фактори правеа се за да му помогнат на СДСМ. Еден дел е преку медиумите, а друг дел на влијание се вршеше од оџа преку оџа. Сега е модерно кај Албанците да се против ВМРО-ДПМНЕ, тоа е фенси, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

актуелно вмро-дпмне двојазичност дуи Интервју Никола груевски платформа фенси
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.