Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го удри претседателот на Собранието, Талат Џафери, во собраниската сала. Тој со удирање врз масата бараше прекинување на седницата, му ја истури водата на Џафери, а проба и да му ја одземе собраниската картичка.
Груевски му го исклучуваше и микрофонот на собранискиот спикер, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ удираа врз масите. Обезбедувањето веднаш реагираше обидувајќи се да го спречи инцидентот на денешната седница на чиј дневен ред е Законот за употреба на јазиците.
Експремиерот Никола Груевски, како револт што претседателот на Собранието, Талат Џафери, не им дава право за процедурална забелешка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, излезе на говорницата пред спикерот и се обиде да му ја одземе картичката за гласање. Околу говорницата се собраа повеќе пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
ИЗВОР: МАКФАКС







