„СДСМ фрли, условно кажано, димна бомба, дека ќе се воведе евтината тарифа по два часа во ден, а всушност ја исфорсираа либерализацијата која што, според експертите кои ги консултирав, ќе доведе до 20 проценти покачување на цената на електричната енергија.
„Тоа значи дека она што Владата претходна го правеше, забавување и развлекување на таа либерализација за таа да се одвива постепено во еден 5-6 годишен период за народот да не го осети тоа со зголемување на цената на струјата и покрај тоа што го бараа од нас, но тоа ќе значеше покачување на цената и ние го поделивме тоа за да не дојде до покачување на цената. Сега со доаѓање на новата власт, веројатно и од одредени интереси што ги имаат и луѓе во таа власт или блиски до таа власт, кажаа дека ќе направат брза либерализација до крајот на годината, според експертите можеби не веднаш, но по година-две, ќе доведе до зголемување на цената на струјата за околу 20 проценти.
„Тоа е лошо за народот, народот нема да почувствува ништо од таа евтина тарифа од по два часа во денот. Прво затоа што таа е во време кога луѓето се на работа, а второ затоа што ќе има такво покачување на цената на струјата што ќе биде далеку поголема отколку минималната заштеда од евтината струја по два часа на ден“, рече Груевски.







