Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска му го предаде кабинетот на новоизбраниот претседател на партијата Христијан Мицкоски.
„Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му посака успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се економското фијаско што и се случува на државата, безидејноста на власта, загрозената слобода и заробената држава, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочил дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ претставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата.
„Приоритет ќе биде зајакнувањето на партијата, а силното ВМРО-ДПМНЕ ќе претставува фактор во креирањето стабилна иднина на државата, заштита на интересите на државата, и воспоставување на економски просперитет потребен на граѓаните, како и градење на мостови на соработка, истакнал Мицкоски.







