Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Груевски со нотарски акт ја достави оставката во Собранието, можно е во вторник да биде на седница
Политика

Груевски со нотарски акт ја достави оставката во Собранието, можно е во вторник да биде на седница

јуни 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најавената oставка на пратеничката функција, поранешниот премиер Никола Груевски, кој по судските процеси избега и доби политички азил во Унгарија, е доставена во Собранието на Република Северна Македонија во средата на 5-ти јуни.

Се очекува во понеделник на координација претседателот на Собранието заедно со
координаторите на пратеничките групи да ја разгледаат оставката на Груевски и да одлучат дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник, имајќи предвид дека веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, точка на дневен ред ставена на истата седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА вели дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

„Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците“, рече Џафери.

Оставката, како што најавува, ќе биде разгледана во понеделник на координација и притоа ќе бидат земени во предвид одредбите од Деловникот и од Уставот кои се однесуваат на оставка на пратеник, но и фактот дека во Собранието веќе има соодветна постапка за одземање на неговиот мандат.

Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања со пет гласа „за“ и ниту едне глас против и без воздржани на 29 мај донесе одлука со која му предлага на Собранието одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно отсуство од ноември до мај оваа година.

Одлуката на Комисијата е на дневен ред на седницата закажана во вторник на 11 јуни.

За да му се одземе мандатот на Груевски со гласање во Собранието потребно е двотретинско мнозинство што не се знае дали може да се постигне имајќи ја предвид постапката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ односно неизјаснувањето на седницата на Комисијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, матичната партија на Груевски, пред оваа седница на Комисијата донесе одлука да се гласа „за“ одземање на мандатот на Груевски, но пратениците на опозициската партија воопшто не се изјаснија за одлуката.

Доколку Џафери и координаторите на пратеничките групи во понеделник одлучат да ја прифатат оставката на Груевски доставена преку нотарски акт како лична изјава, таа ќе се најде на дневен ред на 102. седница на Собранието закажана во вторник на 11 јуни.

Џафери вели дека мора да се направи консултација и со опозицијата и со владејачкото мнозинство како да се постапи поради тоа што ова е специфичен случај за што нема посебни ставки и одредби во нашата легислатива.

Во текот на следните денови се очекува Владата до Собранието да достави предлог за разрешување и избор на нови министри.

Џафери вели дека не може да предвиди кога би се случило тоа, но потенцира дека седницата би можело да се закаже во пократок рок од десет дена.

Исто така посочува дека кога ќе биде закажана седницата и колку таа ќе трае зависи
од тоа дали ќе биде предложен избор на цела Влада или ќе биде предложена само реконструкција или промена на еден дел од министрите.

актуелно Никола груевски Оставка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.