Во судот во Солун денеска треба да биде одржано рочиште за поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, по кои македонските власти имаат распишано меѓународни потерници, а грчките власти ги товарат за поседување лажни патни исправи.
Грујевски и Бошкоски досега два пати беа изведени пред судот во Солун, но рочиштата беа одлагани бидејќи грчкиот суд не можеше да обезбеди преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.







