Грчките служби за вонредни состојби вчера отидоа да ги спасат потресените жители на едно село во централниот дел на земјата, кои веќе неколку дена се борат со поплавите предизвикани од нетипично обилните дождови, пишува Франс24.
Силни бури придружени со дожд неделава ги погоди Грција, Турција и Бугарија.
Спасувачите се обидуваат да стигнат до село во близина на градот Кардиса, главниот град на истоимената област во Западна Тесалија во централна Грција.

Портпаролот на пожарникарите, Јанис Артопиос, во изјава за јавната телевизија „Ерт“ рече дека нивото на водата во тие села се зголемило за еден и пол до два метри.
„Тешко е да се дојде до нив“, вели Артопиос.

Градоначалникот на општина Паламас, лоцирана во областа Кардиса, за ТВ „Скаи“ изјави дека жителите на Паламас се заробени во своите домови и дека „немаат пристап до никаква помош“.
Телевизијата „Скаи“ прикажа снимка на која се гледаат поплавени куќи во Паламас.

Најмалку 14 лица загинаа како последица на невремето кое се уште беснее во Грција, Турција и Бугарија.
Грчките власти соопштија дека сите на кои им е направена штета ќе бидат обештетени.
(Фото: Твитер / АФП )







