Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчките власти не можат да ги лоцираат Грујевски и Бошковски
Македонија

Грчките власти не можат да ги лоцираат Грујевски и Бошковски

октомври 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Министерството за правда во повеќе наврати ургирало до грчките власти да добие одговор за екстрадицијата на поранешните вработени во УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски, но оттаму добивале одговор дека не можат сè уште да ги лоцираат, рече министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Во повеќе наврати беше ургирано да се добие одговор, но одговорите од страна на грчките власти велеа дека лицата не можат да бидат сè уште лоцирани. Во моментов сè уште немаме добиено одлука, но Министерството за правда ги прави сите напори лицата кои се бараат со меѓународна потерница, а тоа се и овие две лица, да бидат изведени пред правосудните органи. Кога ќе добиеме соодветен одговор од грчките власти ќе бидете навремено известени, рече Маричиќ.

Тој додаде дека откако првично била добиена одлуката на Врховниот суд на Грција за одбивање на екстрадицијата на Грујевски и Бошковски, Министерството за правда веднаш започнало нова постапка за екстрадиција.

– По комплетирање на документацијата, на 14 декември 2018 година поднесено е ново барање за екстрадиција до Република Грција. Во барањето се осврнавме на сите детали, на секој параграф од претходно донесената од Врховниот суд на Грција.

Детално образложивме зошто одлуката на претседателот е ништовна, потоа дека е неприменлива, а се осврнавме и на фактот дека за еден предмет на СЈО воопшто Врховниот суд на Грција се немаше произнесено, рече министерот за правда.

Грчкиот Врховен суд во мај 2018 година го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Грујевски и Бошковски беа обвинети од поранешното СЈО за предметот „Тврдина -Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври 2017 година при обид со лажни бугарски пасоши на име Христо Атанасов и Неџми Хасан да заминат со авион за Будимпешта.

Нивната намера беше да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена кога СЈО поднесе обвиненија поради незаконско прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

актуелно Бошковски власти груевски грчки лоцирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.