Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Грчки медиуми анализираат поврзаност на предвремените избори со Договорот од Преспа
Македонија

Грчки медиуми анализираат поврзаност на предвремените избори со Договорот од Преспа

октомври 21, 2019Updated:октомври 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Предвремените парламентарни избори кај нас, грчките медиуми, директно ги поврзуваат со иднината на Договорот од Преспа и пренесуваат „загриженост на Атина, за случувањата во Скопје“.

„Избори во Северна Македонија: „Сите сценарија за следниот ден“,„Облаци над Договорот од Преспа“, „Предвремени избори во Скопје: што важи за Договорот од Преспа и грчката загриженост“, „Северна Македонија: Што ќе се случи со Договорот од Преспа?“, „Северна Македонија во предизборна треска“, „Во опасност Договорот од Преспа по ветото од на Макрон и ставот на ЕУ“, „Северна Македонија: На 12 април предвремени избори“, се дел од насловите во грчките медиуми за последните случувања кај нас, а новинарите во Грција известуваат за синоќешната лидерска средба и објавениот датум за предвремени парламентарни избори, со акцентот ставен на сценаријата за иднината на Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Иако грчката влада официјално не зазема позиција и не ги коментира внатрешно политичките случувања во соседната земја, како што изјави и самиот Мицотакис на прес конференцијата во Брисел во петокот, кога рече дека тоа е внатрешно прашање, сепак новинарите во Грција анализираат дека кај Атина постои загриженост за разврската кај нас и пишуваат за тоа какво влијание врз земјата би имале предвремените избори во Северна Македонија.

Мнозинството од коментарите на новинарите во Грција се поврзани со сценариото на власт да дојде ВМРО-ДПМНЕ и ставот што партијата го има во однос на Договорот од Преспа.

„Високи европски извори, но и кругови од грчката влада оценуваат дека доколку ВМРО победи на изборите, нема да го поништи Договорот од Преспа, но многу ќе го отежне неговото спроведување и точките на несогласување со Атина ќе се интензивираат. Уште повеќе, ако новата влада се чини дека нема да продолжи со клучните точки од договорот кои беа под преговори, како што се учебници и трговските ознаки. Јасно е дека до изборите на 12 април нема да има простор за преговори со владата на Северна Македонија – која од почетокот на годината ќе биде техничка- додека пак Договорот од Преспа ќе биде вклучен во конфронтациите во предизборната кампања на соседната земја, пишува информативниот портал „Њуз247“.

„Во случај националистичкото ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да ги добијат изборите, веројатно е да имаме пресврти во Договорот од Преспа. Иако не може да се поништи, сепак може да се доведе во прашање. Атина внимателно, но не и во паника ги следи случувањата. Не посакува враќање на националистичката реторика што би ја одбележало победата на ВМРО. Покрај тоа, потенцијалните проблеми на внатрешна кохезија во соседната земја се непожелни, пишува „Прото тема“.

Анализирајќи ги можните последици за Атина, онлајн изданието на весникот „То вима“, пишува дека се очекува да се отвори голема дискусија во Грција, меѓу владата и опозициската СИРИЗА во однос на Договорот од Преспа, но и дека грчката влада ја загрижува „опасноста од преземањето на власта од националистичкото ВМРО“.

„Веројатноста да има политичка промена во С. Македонија ќе предизвика пресврт во Договорот од Преспа. Иако договорот не може да биде поништен, како што истакнуваат аналитичарите, сепак може да биде доведен во прашање од една, на пример, националистичка влада. Аналитичарите посочуваат дека во таков случај, аспектите на Договорот од Преспа што Грција се стреми да се спроведат, ќе останат неактивни или никогаш нема да се спроведат од една националистичката влада во Скопје, пишува онлајн изданието на весникот „То вима“.

„Грција , како што е и логично, внимателно ги следи внатрешните случувања. Од нејзина страна, грчката влада не би сакала на изборите во април во Северна Македонија да победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во таков случај тоа би имало национална реторика во соседната земја. Од друга страна, дури и при можна победа на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа не може да се поништи, можеби би постоеле мали пресврти, пишува информативниот портал „Ајефимерида“.

Грчките новинари коментираат дека ветото на Франција на минатонеделниот Самит на ЕУ и неможноста да се постигне договор за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија се причините за предвремените парламентарни избори.

Во однос на синоќешната лидерска средба, медиумите во Грција ги пренесуваат и вчерашните изјави како на претседателот Стево Пендаровски, така и на премиерот Зоран Заев, пишуваат дека постоело консензус и за европскиот пат на Северна Македонија и договор изборите да се одржат на 12 април следната година. Паралелно објаснуваат и информираат дека на 100 дена пред изборите, односно на 3 јануари 2020 ќе биде формирана техничка влада.

 

актуелно анализа грчки медиуми предвермени парламентарни избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.