Ако премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во клучниот телефонски разговор во следните денови стигнат до решение за името и закажат средба во Преспа за официјализирање на договорот, потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламента, објавија грчките телевизии Скај и ЕРТ, како и неколку други интернет и печатени медиуми.
„Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонското Собрание на изгласување, но не со зголемено мнозинство.
-Откако договорот ќе добие зелено светло од македонските пратеници, -Грција со допис ќе го извести НАТО дека одобрува влез на Македонија во Северно–атлантската алијанса, но под услов да има уставна ревизија.
Њ„На 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално ќе му биде -доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата.
„На 11 и 12 јули ќе следува официјална покана за влез во НАТО на Самитот во Брисел.
„Во септември или октомври, во Македонија ќе се одржи референдум за новото име.
„По референдумот, македонското Собрание со двотретинско мнозинство ќе треба да одобри уставна ревизија.
„Откако ќе се заврши со референдумот и ревизијата на Уставот во Македонија, договорот ќе стигне во грчкиот Парламент на ратификација.
Извор: РСЕ







