Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Според грчките медиуми Димитров ќе ја посети Атина по средбите во Виена?
Македонија

Според грчките медиуми Димитров ќе ја посети Атина по средбите во Виена?

март 25, 2018Updated:март 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грчките телевизии „Скај“ и „Антена“ објавија дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во разговор со грчките новинари рекол оти по средбите во Виена можеби ќе ја посети Атина и изразил желба дека сака да се запознае со Панос Каменос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, новинарите, кои заедно со грчката делегација пристигнаа во Скопје, коментираат дека посетата на Коѕијас поминала во добра и пријателска клима и оти постои волја за решение, но дека разликите остануваат непроменети, а се однесуваат на Уставот и формулацијата на името.

– Двајцата министри од четвртокот вечерта поминаа шест часа заедно, отворајќи ги сите прашања. За сега се чини дека не се направија многу чекори напред, напротив, излезе нов проблем, како што сфативме од господинот Димитров, а тоа е името. Сака да биде со 2 збора и да биде преведено на англиски јазик. Второто големо прашање е Уставот. Не само промена на иредентистичките точки, туку и во однос на опсегот на употреба на името. Скопјаните сакаат двојна формула за името – објави грчката телевизија „Стар“.

Новинарот на телевизијата „Скај“ во неговиот извештај од Скопје оцени дека и покрај позитивната клима на средбата на двајцата министри, сепак на прес-конференцијата се покажале несогласувањата на двете страни.

„Господинот Димитров објасни дека е негативен во однос на варијантата име без превод, како на пример Горна Македонија, додека пак господинот Коѕијас од негова страна објасни дека за Грција, промената на Уставот е предуслов за било кое решение – рече новинарот од телевизија „Скај“.

Весникот „Та неа“ коментира дека ако некој сака да извлече заклучок од историската посета на Коѕијас во Скопје, „би рекол дека двете страни се доста далеку за да постигнат договор“.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот под наслов „Коѕијас: Направивме чекори напред“, пишува дека и од двете страни има волја за решение „што ќе ги отвори вратите на иднината“.

На волјата за решение, акцентот го става и новинарката од грчкото издание на „Евроњуз“.

– Повеќе оптимист од тоа што беше кога отиде во Скопје, ја заврши дводневната посета на ПЈРМ, министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. На средбите што ги имаше со политичкото раководство на земјата, ниту една од страните не криеше дека сѐ уште постојат точки во кои нема поклопувања, но сепак се покажа дека и двете страни имаат волја да се најде решение, објави „Евроњуз“, пренесе МИА.

Грчките медиуми, во извештаите од Скопје ги пренесоа изјавите на двајцата шефови на дипломатиите, но коментираат дека дали и колку двете страни може да стигнат до договор и решение на проблемот, веројатно ќе се знае по средбата во Виена следниот петок.

„Евроњуз“ на грчки јазик, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува Нимиц да претстави правен текст на ОН, во кој двете страни ќе ги додадат и ќе ги одбележат точките во кои има поклопување.

актуелно Атина Виена Грција димитров скај скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.