Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Даниелсон: По Преспа, фокусот да се стави на реформите, а не на предвремени избори (ДПЛ)
Македонија

Даниелсон: По Преспа, фокусот да се стави на реформите, а не на предвремени избори (ДПЛ)

јануари 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Позитивниот моментум што е создаден по потпишувањето на Преспанскиот договор треба се одржи и сочува. Фокусот треба да се насочи на реформите во пресрет на јуни кога Советот на ЕУ ќе одлучува за отворање на пристапните преговори. Предвремените избори ќе го одземат тој фокус и потребната енергија, порача Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, на денешната прес-конференција во ЕУ Инфо центарот.

Истакна дека во ЕК се имперсионирани од постигнувањето на историскиот Преспански договор и за што заслугата е на лидерите и на парламентите на двете земји и оти тоа покажаува дека пречките од минатото може да се надминат ако постои политичка волја, но е и пример на помирување и дава надеж за целиот регионт. Додаде дека прашањето за името беше посочено и во заклучоците на Европскиот Совет минатата година кој го постави патот за почнување на пристапните преговори.

„Фокусот сега треба да биде на испорачување резултати. Таму треба да бидат насочени напорите. Веруваме дека предвремените избори ќе го одземат тој фокус и нема да бидете во можност да ја дадете потребната енергија се со цел да се адресираат останатите отворени прашања. Тука зборуваме за реформите во судството, борбата со корупцијата и организираниот кринминал, реформата на безбедносните служби и функционирањето на јавната администрација, истакна Даниелсон.

Нагласи дека не станува збор само за законодавството, туку треба да се види и имплементацијата односно спроведувањето на законите.

Даниелсон посочи дека овие пораки им ги пренел на сите негови соговорници за време на дводоневниот престој во Скопје и оти се однесуваат и на владејачкото мнозинство и на опозицијата за да се придвижи земјата на евроспкиот пат.

Тој ја нагласи важноста судиите да се остават да судат независно според законот и доказите, без какви било влијанија, назначувањата во јавната администрација да се врз база на заслуги, и да се има нулта толеранција за корупцијата, при тоа нагласувајќи го значењето на Антикорупциската комисија, која е во процес на создавање.

„Имајќи предвид дека ова е последен ден за аплицирање на кандидати за составот на таа комисија. Тие кои во оваа земја чувствуваат дека ја имаат компетанцијата, знаење да придонесат за оваа комисија, да аплицираат за да може да се состави една добра листа на компетентни, независни и силни личности кои можат да ја преземат важната улога на таа комисија за да може да ги испорача резултатите, апелираше Даниелсон.

Нагласи дека извештајот за земјата веќе се пишува и оти ЕК останува силно посветена да ги поддржи напорите за испорачување на реформите.

„Започнавме со подготвителната работа на извештајот и одблизу го мониторираме процесот кој ќе биде постигнат во сите сфери и области. Можам да ве уверувам дека ние ќе продолжиме да ги поддржуваме овие напори со сите средства кои ги имаме, тука зборуваме за техничка експертиза но и со важната финансиска помош која се обезбедува од ЕУ. Нашата определба е да ве поддржуваме во исполнувањето на оваа стратешка цел, токму поради следните чекори ќе бидат многу важни на патот за почнување на пристапните преговори, рече Даниелсон.

актуелно преспа фокус реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.