Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Данците денеска избираат нова влада
Европа

Данците денеска избираат нова влада

ноември 1, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Данците денеска излегуваат на избори на кои што премиерката Мет Фредериксен се надева дека гласачите ќе и оддадат признание за нејзиното справување со пандемијата и ќе и дадат доверба во раководењето за да се надминат растечката инфлација и геополитичката несигурност.

Избирачките места се отворија во 8 часот утринава, а се затвораат во 20 часот, после што следува пребројувањето на гласачките ливчиња.

Во политичката арена поделена меѓу 14 партии, анкетите покажуваат дека ниту еден од двата главни блока не може да освои мнозинство од 90-те места, во данскиот парламент „Фолкетинг“ со 179 места.

Левичарскиот Црвен блок, предводен од социјалдемократите на премиерката Фредериксен, според анкетите има 49,1 отсто од гласовите, односно може да смета на 85 претставници.

Синиот блок, пак, има 40,9 отсто од гласовите, што на десничарската коалиција би требало да и осигура 72 пратенички места.

 

Битка за гласачите од центарот

Изборите се претворија во битка за гласачите од центарот, со поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен кој ќе биде тој што, на едниот или на другиот блок, може да ја донесе победата со неговата нова партија Умерени.

Анкетите покажуваат дека неговата партија ќе освои 10 отсто од гласовите или 18 пратенички места, што е петкратно зголемување на поддршката од септември и изненадување за политичките аналитичари.

Изборите се одржуваат во време кога високите цени на енергенсите и највисоката инфлација во последните четири децении ги разјадуваат економиите на домаќинствата, а само еден месец по саботажата на двата гасоводи кои транспортираат гас од Русија до Германија преку данските води, поттикнаа чувство на несигурност меѓу Данците.

Анкетите покажуваат дека Социјалдемократската партија повторно ќе стане најголемата партија во парламентот.

Но, далеку од сигурно е дека Фредериксен ќе може да остане на власт.

Анкетата која доцна во понеделникот ја објави Галуп за дневниот весник „Берлингске“ покажа дека 24 отсто од гласачите се уште не одлучиле кого ќе поддржат.

Умерените би можеле да станат трета по големина партија

Фредериксен, која во 2019 година стана најмладата жена премиер на Данска, се обидува да формира широка коалиција преку традиционалната поделба на леви и десни, тврдејќи дека политичкото единство е потребно во време на меѓународна несигурност.

После предизборната кампања, анкетите покажуваат дека Расмусен и неговите „умерени“, основани пред само четири месеци, можат да станат трета по големина партија во парламентот, зад социјалдемократите и неговата поранешна партија, Либералите.

Иако Расмусен официјално не ја објави својата кандидатура за местото премиер, анкетите покажуваат дека гласачите него повеќе би го сакале во однос на десничарските кандидати Јакоб Елеман-Јенсен од Либералната партија и Сорен Папа Поулсен од конзервативците.

Фредериксен доби пофалби за сигурно водење на Данска низ пандемијата со Ковид, но нејзиниот мандат беше нарушен со контроверзната одлука да се уништат илјадници куни кон крајот на 2020 година поради стравот дека можат да шират мутирана варијанта на корона вирусот.

Наредбата се покажа како незаконска, што резултираше со заминување на министерот и парламентарна истрага.

Иако Фредериксен избегна какви било правни последици, тоа резултираше со опаѓање на поддршката за нејзината партија и и го скрати мандатот, откако заканата за гласање недоверба ја принуди да распише предвремени избори.

Фредериксен е под притисок да смисли решенија за највисоката инфлација во последните децении. Владата досега беше претпазлива во користењето на омилените алатки за време на пандемијата – огромни пакети помош и полабава фискална политика за стимулирање на економијата.

Доколку денес нема јасен победник, евентуалните долги преговори за формирање влада би можеле да одат во прилог на Локе Расмусен.

актуелно данска избори инфлација ковид корона пандемија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.