Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Да се забрани одгледување свињи во несоодветни услови за да се спречи ширење болести
Економија

Да се забрани одгледување свињи во несоодветни услови за да се спречи ширење болести

август 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Да се најде законско решение за воведување забрана за чување свињи на одгледувалишта што немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на
африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.

Ова, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, на вчерашниот состанок со директорот на Агенцијата Зоран Атанасов го побараа претставниците на Здружението на производители на свињи и свинско месо – „Гицко”.

Со цел намалување на ризикот од појава на болеста африканска свинска чума која е веќе присутна во некои од соседните земји, тие на средбата побараа изнаоѓање модел со кој ќе им се овозможи да извршат организиран откуп на свињи кои се одгледуваат во селските домаќинства по пазарна цена, без оглед на категоријата и килажата на животните, за што изразија и подготвеност.

Месото од откупените свињи, како што истакнаа на состанокот, ќе го понудат за преработка на домашната месна индустрија.

„Согласно член 57 став 1 и членот 110, став 1 точка 5 од Законот за ветеринарно здравство одгледувачите на свињи, кои не ги спровеле обврските од Годишната наредба за здравствена заштита на животните, односно не воспоставиле биосигурносни мерки на фармите, ќе се соочат со предвидената санкциона мерка да не им биде исплатена отштета за убиените животни при спроведувањето на мерките за искоренување на болеста. Затоа и сегашната кампања на АХВ е насочена кон подигнување на биосигурносните мерки на одгледувалиштата“, рече директорот
Атанасов.

Со цел елиминирање на секаква можност од појава и ширење на болеста африканска свинска чума, како што додаде Атанасов, сериозно ќе биде разгледано и барањето на здружението „Гицко“ за воведување мерка – забрана за одгледување свињи во селските домаќинства за сопствени потреби од причина што во услови на сериозна епизоотиолошка состојба во соседството и реална опасност од пренесување и ширење на болеста, сега не е време за ваков начин на одгледување свињи.

На состанокот беше презентирана состојбата во секторот свињарство во нашата земја, со акцент на бројната состојба на фармите каде се одгледуваат свињи и степенот на имплементираност на биосигурносните мерки, како една од основите за спречување појава и ширење на болеста африканска свинска чума.

Како што беше речено, согласно пописот на свињарските фарми што во март годинава го спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство, во земјава се евидентирани 2.315 одгледувалишта на овој вид добиток со вкупно 125 илјади свињи.

Најголемиот дел или 42 проценти од свињите се одгледуваат во вардарскиот, 21 процент во источниот регион од земјава, додека помал број на одгледувалишта и единки се евидентирани во другите региони.

Околу 95 илјади гоеници се одгледуваат во 27 комерцијални фарми кои имаат над 500 свињи, а 2.315 фарми се со помал капацитет и во нив се одгледуваат под 100 грла свињи.

Околу 12 илјади свињи се одгледуваат во 78 одгледувалишта.

Како најголема опасност од појава и ширење на болеста африканска свинска чума, покрај дивите свињи, големите одгледувачи ги посочија селските домаќинства, но и неевидентираните одгледувачи кои имаат по неколку единки, претежно наменети за сопствена употреба.

забрана несоодветни услови одгледување свињи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

јуни 8, 2026

Русија за првпат забрани извоз на авионско гориво

јуни 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.