Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Засрамете се од моите лузни му порача Заев на Мицкоски, за лидерот на опозицијата казните за 27 април се драконски
Македонија

Засрамете се од моите лузни му порача Заев на Мицкоски, за лидерот на опозицијата казните за 27 април се драконски

февруари 28, 2020Updated:февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на вечерашниот дуел на ТВ Канал 5 со спротивставени ставови во врска со случувањата на 27 април во 2017 година.

Според Мицкоски, секое насилство без оглед од кого е направено нема политичка припадност, боја вера, ниту нација.

– Насилство е недозволливо. Не смее ниту еден човек правдата да ја зема во свои раце. Имаме судии кои донеле пресуди имаме обвинители кои обвинувале по тие пресуди времето ќе покаже тие се во жалбена постапка, допрва треба да се носат одлуки по тие жалбени постапки итн.

Она што ценам е дека е драконско се изречените казни. Имаме луѓе кои сториле многу поголеми кривични дела, а не одговараат на начин како што одговараат овие луѓе кои се обвинети и осудени, недозволливо. Вие го имате човекот кој ја отвори вратата на Собранието на 27 април, амнестиран затоа што му требал на Заев, рече Мицкоски.

За мене, потенцира Мицкоски, тоа е суштински проблем.

– И сега се прашуваме зошто е тоа така и зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата за перцепција на корупција и сме хибриден режим и зошто луѓето си одат. Тој што ја отвори вратата е невин, а останатите се виновни, додаде Мицкоски.

Заев го негираше тврдењето на Мицкоски и рече дека во процесот на помирување што го отвориле во Парламентот со луѓе кои сакале да се помират, е донесен Закон за таа работа. Тој го обвини Мицкоски дека држи морални предавања за настан на кој тој бил учесник во толпата.

– Вие држите морални предавања, за 27 април, за настан на кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно а што не, па треба да се засрамите од моите лузни. Не јас.

Заради тоа што вашата политичка партија организираше толпа во која и вие учествувате, сакаше да ме убие мене и други пратеници кои беа таму, порача Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Додаде дека се направило разграничување меѓу оние кои сториле насилство и оние кои биле изманипулирани за случувањата на 27 април, но секој ќе одговара.

актуелно дуел Заев мицкоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.