Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Да се празнува одговорно со цел заштита од Ковид-19, кривична за сите групирања
Во Фокусот

Да се празнува одговорно со цел заштита од Ковид-19, кривична за сите групирања

декември 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новогодишните празници граѓаните да ги празнуваат одговорно и во кругот на семејството, за да го заштитат здравјето и да го спречат ширењето на коронавирусот, апелираат надлежните. Тие најавуваат дека сите оние кои за време на Новата година
ќе организираат групни забави во станови или викендици, веднаш ќе се соочат со кривична одговорност.

Исто така, како уште една мерка за заштита од Ковид-19, е и бесплатниот телефонски број објавен од Министерството за внатрешни работи. На тој број граѓаните можат да се јавуваат и да ги пријавуваат соседите доколку се групираат.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски апелира граѓаните да празнуваат одговорно, во кругот на семејството и на тој начин да придонесат заеднички во справувањето со КОВИД кризата.

„Ако за време на новогодишната ноќ бидат издадени викендици или станови каде ќе има 15, 20 или 30 луѓе како група, тогаш и сопственикот на тој објект што го издал и оние кои се присутни на забавата ќе одговараат, односно ќе сносат кривична одговорност“, вели Спасовски.

Контроли ќе има низ целата територија на државата, во сите градови и во сите туристички центри.

Спасовски најави дека посветено и максимално ќе работат и ќе контролираат секаде каде што е потребно, за да се помогне на општеството и да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Генерално нормално треба да помине новогодишната ноќ, да си празнуваме сите одговорно заради тоа што апсолутно мислам дека ќе биде погрешно и никој од нас нема да биде спокоен доколку на новогодишната ноќ организираме каква било забава или прослава или дочек на Новата година во некаков голем круг на пријатели, на
соработници итн.“, вели министерот.

Инаку, и покрај благо намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19 во текот на претходните денови, вчера беа регистрирани дури 498 нови случаи. Од Министерството за здравство уверуваат дека во болниците низ државата има уште слободни кревети.

На инфективните оддели во главниот град и во земјава вкупно се лекуваат 985 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во
Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 29, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 82301. Бројката на оздравени пациенти е 60256, а на починати е 2473. Вкупно има 19572 активни случаи.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше вкупно 606 оздравени пациенти, но и 17 починати.

актуелно групирања Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.