Дваесет и двајца пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција, најавија учество на 31. пливачки маратон што в недела на 19 август ќе се плива во водите на Охридското езеро.
Охридскиот пливачки маратон се плива по патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид, долха 30 километри.
Охридскиот маратон е претпоследниот од предвидените четири трки на отворените води што се одржуваат во рамки на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА).
Главен организатор на маратонот оваа година е Општина Охрид, во соработка со Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.







