Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Македонија

Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг

април 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ниту еден од кандидатите не го собра потребниот број гласови за избор за претседател на државата во првиот круг. Стево Пендаровски освоил 323.892 гласа, Гордана Силјановска-Давкова 319.364 гласови, а Блерим Река 79.921 глас. Согласно Изборниот законик во вториот круг од претседателската трка ќе се натпреваруваат Пендаровски и Силјановска-Давкова. По многу тесната разлика во бројот на освоени гласови од првиот круг од штабовите и на двајцата кандидати очекуваат победа во вториот.

„Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг за конечно Македонија да добие претседател на сите граѓани, изјави вчера претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој потврди дека по резултатите добиени по завршувањето на првиот круг гласање на претседателските избори, немал разговори со албанските опозициски партии и нема да се оди на разговори затоа што, рече, не ни е потребна политичка трговија. Во однос на можноста да се бараат гласовите од претседателскиот кандидат Блерим Река, тој ја повтори изјавата на Река во која нагласува дека неговите гласачи по првиот круг, се личности со свој став и како сакаат така треба да решаваат во вториот круг.

„Имам намера да го промовирам мојот концепт. Во вториот круг влегуваат два дијаметрално спротивни концепти. Едниот концепт за кој се залагам е евроатлантска интегрирана Макеоднија и внатре инклузија на сите етнички заедници во системот. На друга страна имаме националистички-популистички концепт од 19 век, истакна меѓу другото Пендаровски, а на граѓаните кои гласаа за Река им порача дека ја очекува нивната поддршка во вториот круг.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека резултатите од првиот круг на претседателските избори се нова  реалност и показател дека „граѓаните одбрале правда токму за Македонија и оти власта доживеала тежок пораз“.

-Резултатите од изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз. СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните, и тоа го потврдуваат бројките и фактите. Власта, особено СДСМ е делегитимирана. Народот не им верува, рече Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашниот ден, според него, исто така потврдил и дека меѓу граѓаните владее вистинска апатија поради болната реалност оптоварена со криминал, корупција и сиромаштија. Поради неправда која ја чувствува секој човек. Граѓаните, вели, се чувствуваат измамено од страна на власта.

„Одговорот на апатијата е едноставен, масовно гласање во вториот круг на изборите на 5-ти мај, и потврда дека граѓаните се тие кои решаваат. Народот е посилен од секоја власт и народот е свесен дека со гласачко ливче победуваме неправда, рече тој и додаде дека Гордана Силјановска-Давкова е изборот на граѓаните, таа е изборот затоа што е олицетворение на правдата, човек со кредибилитет и свој став.

актуелно кандидати претседател победа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.