Според информациите, еден државјанин на Индија се здобил со повреди од среден степен, додека двајца државјани на Гана и еден државјанин на Бангладеш поминале со полесни повреди, пренесува Б92.
Дел од медиумите наведуваат дека дошло до привремено запирање или нарушување на воздушниот сообраќај, додека други известуваат дека летовите, и покрај падот на дроновите, продолжиле да се одвиваат нормално.
Еден патник на аеродромот изјавил за BBC дека на патниците им било кажано да се оддалечат од стаклените прозорци и да се преместат во побезбедна зона.
Во саботата, еден од дроновите паднал во близина на терминалната зграда и предизвикал експлозија.







