Судот во Алжир осуди маж на две години затвор затоа што своето дете го извади низ прозорец и со една рака го држеше за маицата, а со втората со мобилен телефон се фотографираше.
Сето тоа го направил за да собере лајкови на Фејсбук, иако со тоа го загрози животот на детето, се наведува во пресудата, пренесува Би-Би-Си.
Во статусот на фотографијата напишал „1000 лајкови за ова или ќе го пуштам“, очито се обидувал да се пошегува додека детето висело од прозорецот на 15 кат од зградата.







