Само еден ден откако властите во Техеран апелираа на меѓународната заедница посложно и поинтензивно да стане против екстремизмот, денес се убиени 12, а ранети 39 луѓе во два синхронизирани терористички напади во иранската престолнина. Иранските сили за безбедност со апсење на терористите го спречиле третиот напад. Одговорноста за нападите на иранскиот парламент и на Мавзолејот на ајатолахот Хомеини, иницијаторот на Исламската револуција во 1979 година, ја превзедоа екстремистите на Исламска држава.
Најмалку три вооружени напаѓачи маскирани во жени, влегоа во иранскиот парламент и почнаа да пукаат.
Елајас Хазрати, член на парламентот, за иранската новинска агенција изјави дека напаѓачите носеле две автоматски пушки и пиштол. Државната телевизија објави дека нападот на Мавзолејот на Хомеини го извршиле четворица терористи вклучувајќи и бобмаш-самоубиец.
Полициски хелихоптери со часови летаа над зградата на парламентот, мобилната телефонија била во прекин, а влезот и излезот од собраниската зграда забранети.
Иран во вторникот оцени дека нападите во Лондон се повик за будење, и од западните држави побара да тргнат на идеолошките и финансиските извори на тероризмот.
За да се искорени тероризмот неопходно е западните држави да ја откријат сржта на причините и главните финансиски и идеолошки извори на екстремизмот и насилството“, Бахран Касеми, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи
Иран ги негира обвиненијата на Запад дека финансира тероризам. Техеран го обвинува вахабискиот огранок на сунитскиот ислам од Саудиска Арабија дека стои зад милитантите кои ги извршија неодамнешните смртоносни нашпади во Европа.
Иранската Револуционерна гарда денеска соопшти дека Саудиска Арабија стои зад нападите во Техеран.
Од друга страна, Саудиска Арабија негира дека го поддржува тероризмот. Ријад на внатрешен план тргна во пресметка со џихадистите, после што се уапсени повеќе стотици лица кои патувале во странство за да се борат на страната на милитантните организации.
Иран, каде што мнозинството го сочинуваат шиити, и Саудиска Арабија, каде што се сунитите, веќе долго се противници и често се обвинуваат едни со други за поддржување на тероризмот.
https://www.youtube.com/watch?v=dQxsV5bLWOA











