Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Делегација на Собранието на пролетната сесија на ПС на Советот на Европа
Македонија

Делегација на Собранието на пролетната сесија на ПС на Советот на Европа

април 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе се одржи во Стразбур од денеска до12 април, а ќе учествува и делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Бетиан Китев (СДСМ) престедател на делегацијата и членовите Шпреса Хадри (ДУИ) и Антонијо Милошоски (ВМРО-ДПМНЕ).

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, пред ПССЕ ќе треба да се обратат премиерите на Ерменија и Грузија, а предвидена е и заедничка расправа за актите на омраза во спортот и како тие да се запрат, со посебен акцент на улогата на политичарите во борбата против говорот на омраза. Ќе стане збор и за зацврстување на соработката со ООН и спроведувањето на дело на целите за одржлив развој.

На пролетната сесија ПССЕ е доставено барање за итна дебата за „Буџетската криза во Советот на Европа”, поточно неучеството на Руската Федерација во буџетот на паневропската организација, што може да доведе до нејзино исклучување од Советот на Европа.

Меѓу другите теми на дневниот ред се искоренувањето на сексизмот и сексуалното вознемирување во парламентите, влијанието на социјалните медиуми врз човековите права и како да се балансираат правата на родителите, донаторите и децата за време на анонимна донација на сперматозоиди и овоцити.

ПССЕ, исто така, ќе расправа за новите предизвици во борбата против организираниот криминал и перењето пари, а ќе дебатира и за својата позиција во врска со создавањето механизам за демократија пд страна на ЕУ, владеењето на правото и основните права.

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ ќе го претстави својот прв годишен извештај за 2018 година и потоа ќе одговора на прашањата, а вообичаената размена на мислења ќе се одржи со актуелниот претседавач со Комитетот на  министрите на Советот на  Европа, финскиот министер за надворешни работи, Тимо Соини, како и со Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд.

актуелно делегација Европа пс сесија Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.