Корисниците на потегот од булеварот Кирил и Методи до улицата Димитрие Чуповски денес од 10 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти Републичкиот центар за управување со кризи, прекинот е поради промена на водомер на булеварот Климент Охридски, кај Театар Комедија во општина Центар.
Прекинот ќе биде се до завршување на работата.







