Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ЕДИНСТВО: Шефовите на европските држави одат на Исланд
Европа

ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ЕДИНСТВО: Шефовите на европските држави одат на Исланд

мај 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Една година по исклучувањето на Русија, лидерите на 46-те земји членки на Советот на Европа денеска се среќаваат на самит на Исланд, за да го покажат своето единство против Москва.

На самитот, само четврти на оваа паневропска организација во речиси 75-годишното постоење, ќе се разговара за кривична одговорност на Русија, одговорна за уништување и злосторства предизвикани од нејзината инвазија на Украина.

Доаѓаат Шолц, Макрон, Сунак, Мелони…

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, францускиот претседател, Емануел Макрон, британскиот премиер, Риши Сунак, и неговата италијанска колешка, Џорџија Мелони, кои од сабота го примија украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе го предводат европското семејство во Рејкјавик.

Што се однесува до украинскиот претседател, кој е повикан како шеф на држава на една земја членка, неговото присуство се уште е неизвесно.

Европа се обидува да демонстрира единство

Вчера, Зеленски на Твитер објави дека „се враќа дома“ после европската турнеја што го однесе во Рим, Берлин, Париз и Лондон, со ветувања за „ново моќно оружје“ во моментите кога неговата земја подготвува контраофанзива против руските сили.

Додека Москва сигнализира долга војна и покрај големите загуби, Европа се обидува да покаже дека е обединета зад Киев.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, рече вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„И ништо нема да се реши за Украина без Украина“, вети таа, во време кога Киев се грижи дека ќе се најде под притисок на своите сојузници да преговара со Москва, доколку брзо не ги постигне очекуваните воени успеси.

Суд за Украина

Исландските организатори се надеваат дека речиси 24-часовниот самит, кој го поттикна мирниот Рејкјавик да донесе полициско засилување од странство, ќе доведе до „опипливи резултати“.

Посебно мора да се покрене „регистар на штети“ предизвикани од инвазијата на Русија, откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој регистар би бил „првиот чекор, и тоа голем чекор, кон отштетата која би требало да ја плати Русија“, рече Фон дер Лајен, која како и другите во Европа се залага за формирање на посебен (специјален) суд за воени злосторства за Украина, веројатно во Хаг.

На тркалезната маса, а потоа и на вечерата на европските лидери, мора да се прецизира „како Советот на Европа може активно да им помогне на Украинците, како членови на ова големо европско демократско семејство“, соопштија од Елисејската палата.

Демократски пад во Европа

Русија до март 2022 година беше членка на Советот на Европа, редок европски или западен форум чиј дел беше и Москва.

Покрај 27-те членки на ЕУ, Советот на Европа вклучува уште дваесет нации и има вкупно 675 милиони жители. Најпознат е по својот Европски суд за човекови права.

Според Рејкјавик, на состанокот исто така мора да се разгледа и „демократскиот пад забележан во Европа“, како и актуелните теми како што е вештачката интелигенција.

Самитот е и еден вид увертира на состанокот на Г7 што почнува в петок во Јапонија, каде што Макрон, Сунак, Шолц и Мелони ќе се сретнат со американскиот претседател Џо Бајден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)

актуелно војна Европа Емануел Макрон инвазија исланд Олаф Шолц Рејкјавик русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.