Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дендиас: Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе Договорот од Преспа
Македонија

Дендиас: Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе Договорот од Преспа

септември 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема да дозволиме варирања од договореното, потребно е Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за грчкото радио „Алфа989“, jави
дописничката на МИА од Атина.

Дендиас додава дека ова му го разјаснил на Никола Димитров за време на нивната средба во Хелсинки, од кој добил потврда за намерите на владата во Скопје да се придржува кон договореното.

– Сега треба Скопје, Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе договорот. Забележувам обид да се спроведе. Забележувам и отпор од тамошниот државен механизам. За ова, ние нема да дозволиме варирања.

Ова му го разјаснив на господинот Димитров. Морам да кажам дека ми потврди за намерите на владата на Северна Македонија да се придржува кон договорот каков што е, не постоеше контра одговор. За ова, имаше договор. Но, ова е нешто што го забележуваме и сакаме да го видиме.

Нема да бидеме благонаклонети истражувачи, ќе бидеме прецизни набљудувачи, вели Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија се согласува со коментарот на новинарката дека на средбата со Димитров не биле упатени покани од ниедна страна, но истакнува дека треба да се направат напори за градење на нов однос меѓу двете земји. Паралелно испраќа порака до Северна Македонија и Албанија, да го следат европскиот модел како земји што сакаат да станат дел од европското семејство.

-Покани во овие околности не беа упатени. Да не се лажеме со Скопје, со Северна Македонија, да се навикнеме на нивното ново име, поминавме долг период на сомнежи, разлики итн. Секако, да се обидеме да изградиме нов однос, но треба да се вложи капитал и од другата страна, ќе треба да видиме вложена добра волја и кредибилитет. Грција е тука да помогне.

Ние сме европска земја на Балканот, не сме балканска земја во Европа. Ќе ја пренесеме европска перцепција и во нашите соседни земји. Но, треба и тие да ја делат оваа перцепција. Секако и Северна Македонија и Албанија сакаат да припаѓаат во Европа. Па така, еве една убава шанса да го сфатат европскиот модел и да го следат, а не да се влечат зад обиди да избегаат од она за кое што се согласиле, вели шефот на грчката дипломатија.

Во однос на тоа дали Грција во октомври ќе даде зелено светло за европската перспектива на Северна Македонија, Дендиас истакнува дека потребно е почитување на договореното.

– Ако, ако, ако, три пати велам ако, се придржуваат кон договореното, толкувано на строг начин, одговара министерот за надворешни работи на Грција.

Во интервјуто за грчкото радио, за позицијата на Нова демократија како опозиција и сега како влада, Дендиас го повтори ставот на Мицотакис дека „ако договорот се потпише, тогаш ќе треба да се почитува“, бидејќи „државата има континуитет“, а не дека рекол оти ако биде избран сѐ ќе смени.

актуелно дендиас Договор преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.