Денеска во Собранието на Македонија седници ќе одржат комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на седницата на комисијата за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето на предлог, одлуката за изменување на одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на оваа комисија.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа годишните извештаи на неколку институции.







