Во Велешкиот суд за денеска е закажно рочиште на кое ќе се одлучува за отворање стечајна постапка во „Фени индустри“.
Бугарската компанија „Енекод“ до денеска има рок да достави нова подобрена понуда до банките кои се најголеми доверители во „Фени“.
Претседателот на синдикалната организација на „Фени“ Ѓоре Палитов, пред неколку дена потврди дека дводневниот протест на работниците е ставен во мирување поради покренатата стечајна постапка и се чека понудата на бугарскиот инвеститор како и ставот на банките доверители.
Привремениот стечаен управник на „Фени индустри“ пак порача дека отворање на стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање на компанијата.







