Енергетската криза во земјава и мерките за нејзино надминување ќе бидат главниот фокус на денешната седница на Советот на безбедност која што ќе се одржи во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на седницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.







