По шест години изградба, денеска е пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица.
Новите 28,2 километри автопат ја чинат државата 270 милиони евра.
Од нив 107 милиони евра се обезбедени со кредит од Европската банка за обнова и развој, 130 милиони од Европската инвестициска банка, 45 милиони се грант од ЕУ, а шест милиони евра се од буџетот на РМ.
На автопатот ќе има и две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија.







