Собранието вчера доцна попладнето го усвои дневниот ред на 53. седница, на која треба да се расправа за измените на Изборниот законик за избор на членови на Државната изборна комисија по скратена постапка.
Но, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, по само неколку поминати точки, истата ја прекина и ја презакажа за денес.
Причина за одложувањето на седницата е закажаната лидерска средба.
Седницата требаше да продолжи вчера бидејќи во вторникот поради немање кворум не можеше да се изгласа дневниот ред.
Владејачкото мнозинство ја изгласа потребата за носење Изборен законик по скратена постапка за изборот на ДИК.







