Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „ДЕН Д“ ЗА АСАНЖ: Можни се три опции за основачот на „Викиликс“
Во Фокусот

„ДЕН Д“ ЗА АСАНЖ: Можни се три опции за основачот на „Викиликс“

мај 20, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британскиот суд денеска треба да донесе конечна одлука за тоа дали основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, треба да биде испорачан на Соединетите Американски Држави поради протекувањето на мноштво доверливи американски документи, што ќе претставува кулминација на 13 години долгите правни битки и притвори.

Двајца судии во Високиот суд во Лондон ќе треба да одлучат дали веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и дека може да се потпре во правото на слобода на говор од Првиот амандман на американскиот Устав доколку во САД биде обвинет за шпионирање.

Од адвокатскиот тим на Асанж велат дека постојат три опции – дека би можел да биде во авион на пат преку Атлантикот во рок од 24 часа од пресудата, да биде пуштен од затвор или повторно да заглави во со месеци долги правни битки.

„Викиликс“ објави стотици илјади доверливи американски воени документи за војните на Вашингтон во Авганистан и Ирак, како и голем број дипломатски телеграми, што е најголем безбедносен пропуст од ваков вид во историјата на американската војска.

Во април 2010 година, објави доверливо видео на кое се гледа американски хеликоптерски напад во 2007 година во кој се убиени десетина луѓе во ирачкиот главен град, Багдад, вклучувајќи и двајца новинари на Ројтерс.

Американските власти сакаат да го изведат Асанж, роден во Австралија, на судење за 18 обвиненија, речиси сите според Законот за шпионажа, тврдејќи дека неговите постапки со „Викиликс“ биле непромислени, наштетиле на националната безбедност и ги загрозиле животите на агентите.

Неговите бројни поддржувачи од целиот свет обвинението го нарекуваат пародија, напад врз новинарството и слободата на говорот и одмазда за националниот срам.

Групите за човекови права и некои медиумски организации, како и австралискиот премиер, Ентони Албанес, и други политички лидери, побараа случајот да биде отфрлен.

Ако Високиот суд одлучи дека екстрадицијата може да продолжи, правните патишта на Асанж во Велика Британија се исцрпени, а неговите адвокати веднаш ќе се обратат до Европскиот суд за човекови права за да побараат итна забрана за депортација додека тој суд не одлучи да ги сослуша сите страни за неговиот случај.

Од друга страна, ако судиите го одбијат американското барање, тогаш тој ќе може да поднесе жалба на екстрадицијата по три основи, а тоа би можело да дојде на дневен ред дури следната година.

Исто така, можно е судиите да одлучат дека на рочиштето денеска треба да се разгледа не само дали тој може да се жали, туку и каква би можела да биде содржината на таа жалба. Доколку во такви околности пресудат во негова корист, би можел веднаш да биде пуштен на слобода.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Френк Аугштајн / АП, Сандрине Диппа и Ханс Лукас / АФП )

актуелно Америка Викиликс лондон суд Џулијан Асанж шпионирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.