Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес
Македонија

Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес

јули 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање излегле 703.597 лица со право на глас или одѕивот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

– Очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право и да ја легитимираат идната власт и целиот изборен процес, рече Дерковски на прес-конференцијата.

Изборниот ден, како што посочи, минува мирно, со мали, спорадични инциденти.

– Се решаваат во „од“ сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме генерално да бидеме задоволни од сликата која ја имаме за овој изборен ден, рече Дерковски.

До ДИК, како што истакна, пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

-Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти на пример во Липково и Битиола, каде про проверка и интевренции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе од гласачкото место едно ливче и тоа исто така е санкционирано.

Такви слични инциденти, кои во соработка со МВР и избирачките одбори и општинските изборни комисии веднаш се надминуваат, рече Деркоски, во одговор на новинарско прашање.

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот бил 60,41 процент, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос на минатогодишните претседателски избори, сега за 0,59 проценти има поголема излезност до 17 часот.

Четвртата изборна единица сега има највисока излезност од 43,99 проценти, а Шестата изборна единица и понатаму останува со најниска излезност од 29,6 проценти.

Во Првата изборна единица излегле 127.007 гласачи или 41,07 проценти, во Втората 118.270 гласачи или 36,98 проценти, во Третата 122.182 гласачи или 43,87 отсто и во Четвртата 43,99 проценти или 124.276 гласачи. Во Петтата изборна единица на гласање излегле 120.184 гласачи или 38,33 отсто, а во Шестата 91.678 гласачи или 29,6 проценти.

Висока излезност во Првата изборна единица има во Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Центар, а во Втората во Бутел, Ѓорче Петров и Куманово.

Во Третата изборна единица во повеќе општини има солидна излезност, како на пример во Крива Паланка каде одѕивот е 58,7 проценти, по што следуваат Берово, Лозово и Македонска Каменица.

Во Четвртата изборна единица висок одѕив има во Дојран, Демир Капија, Прилеп и Струмица, а во Петтата во Битола, Кичево, Крушево, Охрид, Струга и Ресен.

Во Шестата изборна единица поголема е излезноста во Тетово во споредба со Гостивар, а од помалите општини највисок одѕив има во Јегуновце.

актуелно Деркоски изборен ден инциденти
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.