Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дерковски: Ќе направиме максимални напори за соодветна заштита во изборниот процес
Македонија

Дерковски: Ќе направиме максимални напори за соодветна заштита во изборниот процес

јуни 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги преземе сите неопходни активности – технички и административни за подготовка на изборните дејствија за претстојните предвремени парламентарни избори согласно Уредбата на Владата со законска сила.

Претседателот на ДИК Оливер Дековски на денешната седница на комисијата рече дека врз основа на Уредбата и согласно со Изборниот законик, ќе испратат барање до Министерството за внатрешни работи и до управите за санкции и за водење матични книги за прибирање на потребните податоци.

На новинарско прашање, Дерковски изјави дека согласно Изборниот законик ДИК не го определува датумот за избори. ДИК е, рече, секогаш подготвена за избори за организација на изборите во законски определените рокови. Во моментов, посочи, работат на дислоцирање на избирачки места согласно со насоките на здравствените власти.

– Без разлика кога ќе биде денот на изборите, ние им дадовме на некој начин насока на нашите подрачни единици вработените таму да бараат избирачки места со поголема квадратура, со отворени прозорци, според насоките од здравствените власти за да може да дислоцираме избирачки места. И има доста голем број којшто дале повратен одговор и каде што вршиме и промена на избирачките места. Значи, таа постапка е во тек и ќе продолжи се додека имаме можност и време да го направиме тоа. Значи, 3.480 избирачки места, од нив имаме некаде околу 700 што се со договори за закуп од приватни лица. Тоа веројатно ќе ни биде поголем проблем бидејќи тие се простории со помала квадратура, но се надевам дека ќе успееме на крајот да обезбедиме доволно добри простории за излегување на процесот, рече претседателот ДИК.

Како Комисија, додаде, ќе направат максимални напори да ги обезбедат потребните услови согласно протоколите од здравствените власти и согласно нивните акти што ќе ги носат понатаму.

-Ќе направиме максимални напори да обезбедиме соодветна заштита на сите кои ќе учествуваат во процесот – изборните органи, членови и заменици на избирачки одбори на општински комисии и се надевам дека ќе успееме во тоа, порача Дерковски.

Членот на Комисијата Наќе Витанов истакна дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на претходната Уредба ДИК денеска ја почнува својата работа во техничкиот дел за организирање и спроведување на изборите, а се однесува на ажурирање на Избирачкиот список.

Согласно Законот, рече Витанов, се доставија документи, односно барања, пред се, до МВР да ни ги достави сите податоци за граѓаните на РСМ согласно член 33 став 6, а тоа е во тој Избирачки список да влезат сите кои имаат важечки лична карта или патна исправа и се со наполнети 18 години до денот на изборите, кога ќе биде тој ден.

Побарано е од основните судови да достават податоци за сите лица на кои им е одземена деловната способност до вчерашниот ден. Исто така, од Управата за
водење на матични книги да достават податоци за сите лица со наполнети 18 години, а лицата кои починале до вчерашниот ден да се избришат од Избирачкиот список. Од Управата за спроведување на санкции, пак, е побарано да достави список на лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и со тоа, според Витанов, целокупниот Избирачки список ќе биде ажуриран и целосен.

-Оваа постапка оди подолго време и се надеваме дека според законскиот рок – 10 дена пред денот на изборите ќе го изготвиме Избирачкиот список што ќе биде целосен и во него ќе бидат опфатени сите граѓани на РСМ кои полнат 18 години на денот на изборите и кои имаат валидни лични документи и со тој Избирачки список ќе се оди на овие предвремени парламентарни избори, рече Витанов.

актуелно ДИК закони заштита избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.