Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Десетина вагони излизгани на пругата кај Куманово, сообраќајот во прекин
Хроника

Десетина вагони излизгани на пругата кај Куманово, сообраќајот во прекин

јули 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Повеќе од десетина вагони од товарниот воз што сообраќал на релација железничка станица Куманово-Романовце излетале од шините во близина на селото Черкези, кумановско, утрово во 01:50 часот, информираше во соопштение Министерството за внатрешни работи.

Нема повредени лица, причинета е материјална штета, а поради несреќата железничкиот сообраќај  е во прекин.  Вагоните се превртени на едната страна, производите од метал кои тежат повеќе тони се наоѓаат покрај шините. Одронати камења сведочат за несреќата.

Од полицијата информираат дека вагоните излетале помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај село Черкези.

– Неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Табановце- железничка станица Трубарево, управуван од Ј.М. од Скопје, излетале од пругата. Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово, наведуваат од МВР.

Жителите на Черкезе велат дека е избегната поголема несреќа бидејќи во тој период немало пешаци во близина на преминот на локалниот пат кој води до селото. Жител на селото ја посочуваше пукнатината во потпорниот ѕид пред неговата куќа настаната од ударот на превезуваната стока во ѕидот, укажувајќи дека овој ѕид го спасил од поголема несреќа и поголема материјална штета кои можеле да се случат, доколку големото тркало од метал удрило во куќата, која се наоѓа во близина на пругата.

МЖ Транспорт претходно соопшти дека поради излизгувањето на вагоните  железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец  ќе биде во прекин во следните неколку денови.

-Вработени од МЖ Транспорт и Инфраструктура се излезени на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот. Поради тоа, ги информираме сите патници кои ја користат меѓународната линија Белград – Солун и обратно, ќе бидат превезувани со автобус од Скопје до Табановци и обратно, согласно важечкиот возен ред. Локалните патнички возови кон и од Куманово (Табановци) нема да сообраќаат во перидот се до отстранување на дефектот, соопшти МЖ Транспорт.

На сите патници и деловни коминтенти им се извинуваат поради непријатностите. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

актуелно вагони излизгани куманово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.