Во рамки на националниот ден на тревога во Германија, денеска точно во 11 часот се огласија сирените, а жителите добија предупредување на своите мобилни телефони.
Станува збор за тестирање на уредот за тревога во случај на катастрофа.
Жителите на Германија, во иднина, треба да бидат известени за опасни ситуации користејќи разни уреди за предупредување, пишува Феникс Магазин.
За таа цел, точно во 11 часот во Германија беа активирани различни уреди, радијата и телевизиите, дигиталните градски табли и апликациите за предупредување.
За прв пат во Германија највисокото ниво на предупредување беше испратено до десетици милиони мобилни телефони.
Пораките се испратени од системот како што се радиосигнали кои се испраќаат до сите компатибилни уреди. Пораката изгледа како СМС.
Никој не мора да има инсталирани апликации за предупредување („NINA“ или „Katwarn“) на својот мобилен телефон. за да биде предупреден. Денеска предупредувањето стигна и до луѓето кои користат „обичен“ мобилен телефон.







