Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Ниту еден криминал не смее да остане неказнет
Македонија

Дескоска: Ниту еден криминал не смее да остане неказнет

јануари 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ниту еден криминал не смее да остане неказнет, не смее да се бараат процедурални причини за вакво или такво постапување со цел да се избегне одговорноста. Одговорност за сторените кривични дела мора да постои и очекувам дека Јавното обвинителство ќе продолжи со гонење, без оглед каков ќе биде нивниот понатамошен став – кој ќе го продолжи гонењето.

Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната одлука на Врховниот суд за Специјалното Јавно обвинителство пред почетокот на  настанот за „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“ во ЕУ Инфоцентарот во Скопје.

Сведоци сме, посочи Дескоска, дека од самото формирање на Специјалното јавно обвинителство постојано имаше обиди за опструкција на неговата работа.

„Во делот на вчерашната одлука на Врховниот суд, јас од позиција на министер за правда не би требало да ја коментирам, но јавно сакам да поставам неколку прашања со цел да се расчисти правната ситуација во која е донесена таа одлука, вели Дескоска.

Прво согласно закон, како што посочи таа, на сите ни е познато дека Врховниот суд може да утврдува начелни мислења и ставови доколу има разлика во пракса меѓу различни судови или различно постапување.

„Во овој случај единствен суд што постапува во моментот по постапките на СЈО е Основниот суд Скопје 1. Значи немаме несогласување на праксата на Основниот суд Скопје 1 со некој друг суд затоа што друг суд не постапува. Исто така во рамките на самиот Кривичен суд немаме различно постапување од два, три или неколку совети да кажеме дека се воедначува судската пракса, појасни министерката за правда..

Нејзино очекување, како што рече, е дека денеска СЈО заедно со јавниот обвинител на РМ ќе разговараат за начинот на продолжување на постапките, без оглед дали ќе одлучат дали да ги продолжи СЈО или ќе одлучат да ги продложи Обвинителството за организиран криминал.

На прашање што значи ваквата одлука на Врховниот суд во пракса и дали некако ќе влијае врз новото законско решение што Министерството за правда го подготвува за СЈО, Дескоска одговори дека ова се начелни мислења што не ги обврзуваат јавните обвинители и тие можат да продолжат и понатаму со досегашното работење.

„Значи не ги обврзуваат. Но, можат да ги земат во предвид и судиите од другите судови, освен од Врховниот суд. Нема задолжителност, но тоа е еден вид став и мислење за кое тие ќе одлучат, рече таа.

Министерката за правда рече дека за прашањата што со предметите што се отворени после 30 јуни 2017 година и дали тие предмети ќе ги продолжи СЈО, односно дали ќе ги користи прислушкуваните материјали, се разговарало во работните групи во меѓупартиските комуникации.

„Целта на Министерството за правда е  решение што ќе значи продолжување на судските постапки доколку постои криминал. Со  закон нема да дозволиме амнестирање на криминал. Со никаква законска одредба што ќе значи затворање на истраги со цел да нема понатамошно гонење од било кој, дали е СЈО, дали е Обвинителство за организиран криминал, вели Дескоска.

Во врска со тоа што ќе се случи со „бомбите“ доколку редовното Јавно обвинителство преземе одредена истрага и дали ќе може да ги користи, Дескоска вели дека тоа прашање треба да се реши во законот.

„Јас денеска видов изјави од обвинители кои го отвораат тоа прашање за нивното користење. За тоа прашање ќе треба  да одлучи судот дали ќе прифати друг обвинител да ги користи „бомбите“ како материјал, истакна таа.

На прашање на чија иницијатива беше сменет законот со кој се дозволи адвокати да поднесуваат иницијативи до Врховниот суд, Дескоска рече дека во моментот на промена на законот не била министер за правда, што е направено во мај.

„Гледајќи ја хронологијата и ако ја отворите веб страната на Собранието има дополнет предлог текст, што е практично дополнет со таа одредба. Претпоставувам дека тоа е произлезено како некаков компромис во делот на преговорите меѓу власта и опозицијата, во тоа време, за да се постигне согласност од две-третини во Собранието, вели Дескоска.

актуелно криминал неказнет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.