Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Детектор“: Граѓаните најмногу му веруваат на Заев, а на СЈО му даваат „единица“
Политика

„Детектор“: Граѓаните најмногу му веруваат на Заев, а на СЈО му даваат „единица“

септември 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните имаат најголема доверба во премиерот Зоран Заев.

По него следуваат останатите политичари, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицскоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, на БЕСА Билал Касами, на Алтернатива Африм Гаши, покажува најновата анкета што за емисијата „Детектор“ на Сител ТВ ја изработи Институтот за политички истражувања.

Според анкетата, во Заев веруваат 14,5 отсто од испитаниците, во Мицкоски 12,1, рејтингот на Ахмети е 4,4, додека на Села три отсто.

Следи Никола Груевски во кого довербата е 2,1 процент, Гаши со 0,7 отсто, Билал
Касами со 0,6 и Мендух Тачи со 0,1 процент.

Вкупно 1,6 проценти од анкетираните се определиле за друг политичар, 44,2 отсто немаат доверба во ниту еден политичар, а без одговор останале 14,2 отсто.

Повеќе од половина граѓани или 50,9 отсто велат дека ќе излезат на гласање ако следната недела се организираат предвремени парламентарни избори, 24,7 ќе апстинираат, а 24,3 проценти се уште немаат донесено одлука.

Притоа, за 48 отсто „Рекет“ нема да има влијание врз нивната одлука за кого ќе гласаат на изборите, но за 41,4 токму овој случај ќе има влијание.

Скоро половина од граѓаните или 49,7% велат дека врз нивната одлука за кого ќе гласаат нема да влијае ниту епилогот околу датумот за старт на преговорите со ЕУ, додека 37,2 отсто рекле дека напредокот на интегративниот процес ќе им влијае на одлуката за кого да гласаат.

Анкетата покажува и дека една петина од граѓаните ќе и дадат поддршка на опозицијата ако идната недела се одржат предвремени парламентарни избори.

На идните предвремени парламентарни избори 21,1 процент ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 18,1 отсто за СДСМ.

Вкупно 26,1 отсто велат дека нема да гласаат за ниту една партија, 14,7 не сакаат да кажат за кого ќе го дадат својот глас, додека 9,7 велат дека се уште не знаат.

Во албанскиот политички блок најголема поддршка ужива ДУИ.

За оваа партија ќе гласаат 4,5 отсто.

Според рејтингот, следна е партијата на Зијадин Села.

За Алијанса за Албанците поддршка дале 2,8 проценти од анкетираните граѓани.

Алтернатива на Африм Гаши има поддршка од 0,8 отсто, додека за БЕСА на Билал Касами се изјасниле дека ќе гласаат 0,7 проценти.

Меѓу институциите, најниска доверба има СЈО.

На скалата од 1 до 5, средната оценка која на СЈО му ја дале граѓаните е 1,68.

Скоро 57 отсто од анкетираните довербата во СЈО ја оцениле со единица.

Под двојка добиле судството и јавното обвинителство.

Довербата во Парламентот, пак, е оценета со 2,25, Владата со 2,33 а опозицијата со 2,4.

Претседателот и медиумите се единствените институции кои имаат средна оценка – тројка.

Институцијата Претседател доби оценка 2,63 од граѓаните.

На врвот се медиумите кои граѓаните ги оцениле со 2,76.

Анкетата беше спроведена од 14 до 17 септември годинава, врз репрезентативен примерок од 1.109 испитаници.

актуелно граѓани Детектор Заев СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.