Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Детектор: Две третини од граѓаните сакаат на директни избори да го изберат идниот шеф на државата
Македонија

Детектор: Две третини од граѓаните сакаат на директни избори да го изберат идниот шеф на државата

април 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На една недела пред вториот изборен круг за претседател на земјава, две третини од граѓаните сакаат, тие на директни избори да го донесат идниот шеф на државата (75,5%), иако при првиот круг таа обврска ја извршиле 41,82 % од нив, покажа
истражувањето на тема „Информирање на граѓаните за време на кампањата“ спроведено за емисијата „Детектор“ во која гостуваа Јасна Бачовска – Недиќ – универзитетски професор, Бојан Кордалов – специјалист за нови медиуми и ПР и Александар Кржаловски – политички аналитичар Според истражувањето, најголем дел од испитаниците за изборниот процес и претседателските кампањи се информирале преку телевизијата (58,2%), а потоа преку веб порталите (14,9%) и социјалните мрежи (11,8%), a весниците се на четврто место (5,8%). Половина од нив им веруваат на информациите кои ги добиваат од медиумите (50,5%), иако значителен број (33,2%) ја немаат таа доверба во средствата за јавно информирање.

„Македонското општество е предоминантно телевизиско општество и сведочевме на класична кампања подготвена за традиционалните медиуми, која не беше подесена за новите технологии“– предочува професорката Јасна Бачовска – Недиќ, со што се согласува и Бојан Кордалов, специјалист за нови медиуми потврдувајќи дека „кандидатите за претседател не ги искористија новите медиуми и не покажаа иновативност, туку дури и ја игнорираа кампањата што требаше да се случи онлајн, посочува тој навестувајќи дека пред вториот круг кандидатите се обидуваат да го надоместат тој јаз, но сè уште фокусот е на традиционалните, неиновативни и досадни начини на водење кампањи.

Иако последниве 15 години не бевме навикнати на телевизиски дебати на политичките опоненти, на овие избори за еден месец гледавме повеќе од 15 такви соочувања.

За политичкиот аналитичар Александар Кржаловски она што ја направи и разликата на овие претседателски избори се токму дебатите со кандидатите „Пендаровски покажа нервоза на самите дебати со што ја симна очекуваната разлика од повеќето анкети, до она што ни се случи“, вели тој.

Осум од десет анкетирани немале притисоци за кого да гласаат во рамки на изборните процеси (82,2%), иако 45,0% од граѓаните сметаат дека постојат притисоци за кого да се гласа на изборите.

граѓани Детектор директни избори шеф на држава
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.