Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Детектор: Лицата со попреченост немаат еднакви права и можности со останатите граѓани
Во Фокусот

Детектор: Лицата со попреченост немаат еднакви права и можности со останатите граѓани

јуни 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лицата со попреченост немаат еднакви права и можности со останатите граѓани (55,0%) и квалитетот на живот на овие лица е оценет со тројка (41,8%) од испитаниците во најновото истражувањето на јавно мислење на тема „Квалитет на живот на лица со попреченост“, спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која гостуваа Душан Томшиќ – посебен советник за социјална заштита при
Министерството за труд и социјална политика, Елена Кочовска од Полио Плус и Оливера Савевска родител на лице со физичка попреченост.

Мнозинството граѓани сметаат дека лицата со попреченост немаат обезбедено доволно услови за квалитетен живот (51,1%), и споредено со претходно дел од испитаниците сметаат дека условите за живот се на повисоко ниво (37,5%), а дел дека нема промена (35,9%).

Со новиот закон за социјална заштита ќе има подобрување на условите за живот на лицата со попреченост, не уверува посебениот советник за социјална заштита при Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ наведувајќи го унапредувањето на услугите кои овие лица ќе ги добиваат, „услуга за лична асистенција како законско право на територија на целата земја, и двете нови услуги кои до сега ги немаше, помош во домот и одменска нега.

„Овој закон е фокусиран на развој на услуги кои што им се многу потребни на лицата со попреченост“, истакнува Томшиќ.

Според Елена Кочовска од Полио Плус, ако се споредат принципите и одредбите од конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и новиот закон за социјална заштита „ќе видиме дека голем дел од мерките не се воопшто усогласени со одредбите и принципите на конвенцијата.

Потребно е усогласување за да се задржи инклузивната еднаквост и да престанат да се дискриминираат граѓаните со хендикеп, според нивната медицинска состојба и возраста.

„Потребно е да се внимава на принципите на нивно индивидуално парципативно учество и сите останати услуги и бенифиции мора да излегуваат согласно индивидуалните потреби на граѓаните со хендикеп“ – вели Кочовска.

Најголем дел од испитаниците во анкетата сметаат дека државата не овозможува доволно услови за вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот (46,6%).

Овие лица немаат ниту еднакви можности за вклучување во македонскиот образовен систем (40,3%), ниту доколку живеат на село (38,$%), ниту пак во поголем град (50,3%).

А здравствениот систем во земјава не е во можност да обезбеди квалитетна грижа за
лицата со попреченост (44,0%).

Томшиќ посочува дека „За прв пат во оваа земја имаме ставка во буџетот социјални услуги и деинституционализација, која што е наменета за развој на локални услуги во заедниците каде што со овие услуги луѓето ќе станат повидливи, а од таму почнува подигнувањето на свеста, бидејќи ние се соочуваме со ниската свест во општеството – вели тој.

Што се однесува до состојбите на пазарот на трудот и во образованието говорниците во емисијата се согласни за лошата кондиција во која сега се наоѓаат, и видливата неопходност за креирање на наши автентиечни модели со кои ќе бидат задоволени потребите и на лицата со попреченост и на бизнис заедницата од една страна, а низ соодветен систем на образование на лицата ќе им биде овозможено учење на вештини кои ги направат поконкурентни на пазарот на трудот.

Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Макеоднија не ги исполнува стандардите и препораките на ЕУ во однос на квалитетот на живот на лицата со попреченост (51,1%), но се оптимисти, и доколку станеме членка тие сметаат дека живот на овие лица ќе се подобри (61,9%).

Гостите во емисијата се свесни дека со еден закон не може драстично да се смени состојбата во земјата, па итноста од промени во повеќе министерства е неопходна доколку сакаме промени на генералната слика за квлаитетот на живот на лицата со попреченост.

Токму затоа Оливера Спасовска, како родител на лице со попреченост укажува дека „Не би ја чекала Европската унија за да ги подобриме условите затоа што го товарот
го трпам на својот грб. Од мој интерес е да се решат работите побрзо“ – вели таа потсетувајќи „ништо не правиме само со промените во труд и социјала, тоа е само еден сегмент.

Потребно е да се вклучат повеќе министерства бидејќи едно министерство не може да ги покрие проблемите и потребите на лице со попреченост“.

„Имаме доволно средства и мотив за развивање на услуги за лицата со попреченост во локалните заедници. Имаме соработка со Светска Банка и за еден до два месеци ќе се појават повици до општините, на кои тие би аплицирале за развој и воспоставување на услуги, притоа тие ќе бидат платени следните 12 месеци во рамки на проектната единица, а потоа трошоците за нивно финансирање ги презема државата“ – оптимистички заокружува Тошиќ.

Истражувањето на тема „Квалитет на живот на лица со попреченост“ беше спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 18 до 21 мај, на 1.108 полнолетни испитаници на ниво на целата земја, со користење на случаен примерок, стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението.

Детектор лица со попреченост можности
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026

Земјотресот што ги погоди Филипините однесе над 30 мртви

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.