Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија
  • Студентите прогласија победа на изборите во Србија
  • Вучиќ призна пораз
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Детектор: Онлајн-наставата е најприфатливо решение за надополнување на пропуштеното образование
Македонија

Детектор: Онлајн-наставата е најприфатливо решение за надополнување на пропуштеното образование

април 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Онлајн наставата е најприфатливо решение за надополнување на пропуштеното од учебната година поради корона вирусот, смета мнозинството граѓани во најновата анкета коja по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 36,1% сметаат дека пропуштената настава треба да се надополни преку онлајн предавања, 28% сметаат дека треба да се продолжи школската година додека 8,7% сметаат дека најдобро решение е наставата да се надополни со одработување на саботите.

Етничката диференцијација на граѓаните кои одговарале на прашањата покажува дека етничките Македонци и нивните сограѓани Албанци имаат различен став кога станува збор за начинот на кој што би требало да се сработи она што се пропушта во оваа учебна година поради вирусот.

Додека Македонците во мнозинство сметаат дека најдобро решение е онлајн наставата, етничките Албанци сметаат дека треба да се продолжи наставата.
Па така, 39,9% од етничките Македонци се за онлајн настава, 25,4% за продолжување на учебната година додека 7,7% за одработување на саботите. Кај етничките Албанци најголемиот дел или 34,5% сметаат дека најдобро решение за надополнување на пропуштеното образование поради корона вирусот е да се продолжи учебната година. 24,6% се определиле за онлајн настава а 12,3% за одработување на саботите. Граѓаните од останатите етнички заедници исто така во мнозинство се за продолжување на учебната година. Ваков став делат 37% од анкетираните граѓани од другите етнички заедници. 32,6% се за онлајн настава а 6,5% за одработување на пропуштената настава во саботите.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.

актуелно Детектор настава онлајн
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.