Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДЕТЕКТОР: Пендаровски во водство пред Силјановска – Давкова и Река
Македонија

ДЕТЕКТОР: Пендаровски во водство пред Силјановска – Давкова и Река

април 7, 2019Updated:април 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На една недела од почетокот на изборната кампања за претседател на државата, Стево Пендаровски има најголема поддршка од граѓаните со 28,8 процент, пред Гордана Силјановска Давкова со 26,6 проценти и Блерим Река со 7,1 процент, покажа истражувањето на тема „Рејтинзи на претседателските кандидати“ спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 23 до 27 март, на 1.110 полнолетни испитаници на ниво на целата земја.

Кај испитаниците од македонска етничка припадност предноста ја има Гордана Силјановска Давкова со 35,8 проценти, пред Стево Пендаровски со 33,5 проценти, а кај Албанците предноста е за Блерим Река (30,4 проценти), пред Стево Пендаровски со 17,4 проценти. Другите етнички заедици ја поддржуваат Гордана Силјановска Давкова со 17,9 проценти.

Стево Пендаровски ужива поголема доверба кај студентите (26,1 проценти), кај вработените во државниот сектор, а Гордана Силјановска има предност кај самовработените/приватниот бизнис (31,8 проценти), земјоделците (35,3 проценти), пензионерите (29,2 процента) и невработените (19,6 проценти).

Мнозинството граѓани ќе гласаат на престојните претседателски избори (69,3 проценти) и според етничкиот пресек Македонците се помотивирани да излезат на гласање (76,4 проценти), додека кај Албанците ќе гласаат 52,6 проценти од испитаниците и кај другите етнички заедници 41,9 проценти од анкетираните.

Осум од десет граѓани сметаат дека не треба да се бојкотираат престојните претседателски избори (81,2 процента).

Испитаниците очекуваат да биде исполнет цензусот од 40 проценти во вториот круг на изборите (47,9 проценти), додека во неговото исполнување не се сигурни 38,6 проценти од нив.

Истражувањето на јавно мислење на тема „Рејтинзи на претседателските кандидати“, е спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која свои коментари и ставови за анкетата споделија Петар Арсовски, политички аналитичар, Илина Мангова, директорка на ИРИ и Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Според Илина Мангова, директорка на ИРИ, оваа анкета дава индикација какво е сега расположението кај гласачите. Но, како што вели, резултатите многу зависат и од тоа каква мобилизација ќе извршат кампањите на тројцата кандидати.

Учесниците во емисијата се согласни дека ни претстои интересна претседателска кампања во која дебатите ќе одиграат значајна улога во дефинирање на ставот кај неопределените гласачи. Иако политичките наративи во моментот се уште се профилираат, низ јавните настапи ќе го дознаеме ставот за меѓународната политика и, како што вели Арсовски, електоратот ќе одлучува дали цената за Преспанскиот договор ќе биде посилна од придобивките? и дали ова што се направи досега треба да се продолжи понатака или треба да се прати порака дека треба да се ревидира?“.

Резултатите за оваа анкета се под претпоставка дека во Македонија живеат 1 400 000 гласачи, базирано на искуствата од претходни истражувања на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

актуелно водство пендаровски река силјановска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.