Холандскиот фудбалски експерт Франк де бур ќе биде нов менаџер на англискиот премиер лигаш Кристал Палас, пренесува Би-Би-Си.
Промоцијата на новиот менаџер на клубот е закажана за денес во 15 часот на стадионот Селхуст парк.
Тој во Лондон доаѓа откако Сем Олердајс ја заврши кариерата и претходно му обезбеди опстанок на Палас во премиер лигата.
Де Бур не работеше од ноември минатата година кога доби отказ во Интер после неполни три месеци поради лоши резултати.
Пред Интер дури шест сезини беше на клупата на матичниот Ајакс, со кој освои четири титули првак на Холандија.







