Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДЕ ФАКТО ПРИЗНАВАЊЕ: Среде ноќ објавен текстот на Спогодбата за Косово
Балкан

ДЕ ФАКТО ПРИЗНАВАЊЕ: Среде ноќ објавен текстот на Спогодбата за Косово

февруари 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Србија и Косово признаваат дека неповредливоста на границите, почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се основни услови за мир, стои во Спогодбата за нормализација на односите меѓу двете земји, што Европската унија ја објави вчера доцна навечер, по завршувањето на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.

За договорот меѓу Србија и Косово, кој е поддржан од сите 27 членки на Унијата, постои согласност од двете страни.

Текстот на двете држави им беше претставен во септември минатата година, но никогаш официјално не беше објавен.

„Задоволство ми е да објавам дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, денеска се согласија дека повеќе нема потреба од понатамошни дополнителни дискусии за предлогот на Европската унија за Договорот за патот кон нормализацијата меѓу Косово и Србија“, изјави Борел по средбата меѓу Вучиќ и Курти.

Недолго потоа, дипломатската служба на ЕУ за првпат го објави целосниот текст на предложениот договор, кој има кратка преамбула и 11 члена.

Во преамбулата се вели дека договорните страни се „свесни дека неповредливоста на границите и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се основни услови за мир“.

Во текстот на договорот се наведува дека двете страни ќе развијат „нормални, добрососедски односи засновани на еднакви права“, дека „заемно ќе ги признаваат документите и националните симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински печати“.

Двете страни ќе се водат од целите и принципите утврдени во Повелбата на Обединетите нации, особено оние за суверена еднаквост на сите држави, почитување на нивната независност, автономија и територијалната целовитост, правото на самоопределување, заштита на човековите права и недискриминација.

Косово и Србија со спогодбата се обврзуваат меѓусебните спорови да ги решаваат исклучиво со мирни средства и да се воздржат од закани за употреба на сила.

Страните тргнуваат од претпоставката дека ниту една од двете не може да го претставува другото во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име, а Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ниту една меѓународна организација, се вели во текстот.

Ниту една страна нема да ги блокира или охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата на нејзиниот пат кон ЕУ по сопствена заслуга.

Во текстот се вели дека овој договор е важен чекор во нормализацијата на односите, но дека страните треба да го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ, што треба да доведе до правно обврзувачки договор за сеопфатна нормализација на нивните односи.

Страните се согласни да ја продлабочуваат соработката на полето на економијата, науката, технологијата, транспортот, поврзаноста, правдата, спроведувањето на законот, поштата, телекомуникациите, здравството, културата, религијата, спортот, заштитата на животната средина, исчезнатите лица, бегалците и други слични области преку склучување на конкретни договори.

„Двете страни се обврзуваат да воспостават посебни аранжмани и гаранции, во согласност со релевантните инструменти на Советот на Европа и потпирајќи се на постоечките европски искуства, со цел да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа на српската заедница на Косово и способност за пружање услуги во одредени области, вклучително и можност за финансиска поддршка од Србија и директен канал за комуникација на српската заедница со Владата на Косово“, се вели во текстот.

Исто така, се истакнува дека страните ќе го официјализираат статусот на Српската православна црква во Косово и ќе обезбедат силно ниво на заштита на српското верско и културно наследство, во согласност со постоечките европски модели.

Предвидена е размена на постојани мисии, кои ќе бидат формирани во седиштата на владите.

Страните се согласни да формираат заеднички комитет со кој ќе претседава ЕУ, кој ќе го следи спроведувањето на овој договор.

Во последниот член се вели дека страните се обврзуваат да го почитуваат планот за имплементација кој е во анексот на договорот.

актуелно Договор Европа Косово србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.