Главниот град на Италија Рим од секогаш имал блиски врски со животните: од волчицата која ги прехрани неговите основачи, Ромул и Рем, преку гуските кои го спасија од нападот на Галите. Сега Рим се соочува со вистинска наезда на диви свињи.
Дивите свињи се на секој чекор во Рим – во парковите, на улиците, на прометите улевари, околу школите…

За римјаните тие се веќе вообичаен призор, дури станаа и политичко прашање на една недела пред локалните избори.
„Каква слика за Рим испраќаме со дивите свињи кои се шатаат по парковите“, рече еден римјанин за француска телевизија.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги, верува дека проблемот ги надминува капацитетите на главниот град на Италија и дека државата треба да превземе одговорност.
Неодамна демонстрираа и фармерите, чии ниви ги уништија диви свињи.
„Состојбата е надвор од контрола. На територијата на Италија живеат 2,3 милиони диви свињи и со ништо не се спречува растот на тој број“, истакна Еторе Прандини, претседателот на синдикатот на фармери од регионот на Рим.
Дивите свињи се заштитени со закон во Италија и нивниот лов е лимитиран.








