Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дигитално решение на европски извештај при сообраќајки
Економија

Дигитално решение на европски извештај при сообраќајки

септември 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дигитално решение на европскиот извештај што се пополнува при сообраќајки е еден од предлозите на осигурителната индустрија и регулаторот во оваа област за натамошна дигитализација на процесите.

Потенцијалот со дигитализацијата, како што информираа денеска на пресконференција, е огромен за развој на осигурителната индустрија во којашто ќе опстојат само тие што ќе ги прифатат промените.

Од 11 компании на домашниот пазар само седум нудат онлајн продажба на патничко осигурување.

Прототипот на мобилната апликација за европскиот извештај го изработија студенти изминатиот викенд на хакатонот што се одржа во Скопје, а ќе биде претставен на настанот ИншурТек, што ќе се одржи на 2 и 3 следниот месец во Скопје, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување и Здружението на финансиски организации при Стопанската комора на Македонија.

Старт ап компании на настанот ќе презентираат дигитални решенија за подобрување на процесите на осигурителната индустрија.

„Со оваа мобилна апликација ќе нема потреба од изработка на хартиена  форма на Европскиот извештај и рачно пополнување ан податоците,  преку Гугл локација ќе се утврди местото на несреќата и ќе има можност и да се изврши сликање и да се испратат електронски до друштвата за осигурување без да има потреба да се оди кај нив. На тој начин ќе се скрати процесот на решавање и утврдување на штети. Хартиената форма нема да биде исклучена и ќе функционира паралелно“, информира Климе Поповски, претседател на советот на експерти на Агенцијата за  супервизија на осигурување.

Како што потенцираше Ѓорѓе Војновиќ од Здружението на финансиски организации, дигитализацијата се одвива малку поспоро во нашата индустрија, но е неминовен процес за модернизација на целокупните процеси во осигурувањето, од продажба до решавање на штетите.

„Пазарот на осигурување и компаниите во Македонија се уште функционираат на еден традиционален начин со директна продажба, а нашите системи се уште се во фаза на доработеа за почеток на дигитализација. Почетоците на дигитализација во делот на продажба и проценка на штети се на пониско ниво, но сепак радува освртот на
компаниите кон тоа. Имаме пораст во обновата на автоодговорноста, кај онлајн продажбата на патничкото здравствено осигурување, некои компании воведуваат обнова и продажба на осигурување на домот преку интернет, а имаме и компанија којашто воведува дигитална проценка на штетите“, наведе Војновиќ.

Осигурителниот пазар во државава во првата половина од годинава бележи пораст од 6,87 проценти, при што кај неживотното осигурување има зголемување од 5,5 проценти, а кај осигурувањето на живот од 15,5 проценти.

европски извештај решение сообраќајки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.