Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите
Македонија

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

јули 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги прифати барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од Државната централна комисија на Косово.

Членовите на ДИК ги разгледаа и не ги усвоија приговорите за заштита
на лично право за гласање поднесени од Игор Настов и Петар Николов.

Овие лица поднеле барања до ОИК, биле одбиени и за нив потоа одлучува ДИК.

Членовите на ДИК имаа поделени мислења. Елизабета Постоловска  информира дека Настов поднел приговор зошто ОИК Росоман го одбила неговото барање за гласање во домашни услови поради позитивен тест на КОВИД-19 со образложение дека барањето било надвор од рокот, кој беше 8 јули 2020.

Приговорот бил поднесен на 9 јули 2020.

Настов како приговор навел дека „со тоа што апликацијата на ДИК не е усогласена со реалното време, ми е одземено правото на глас“.

Во прилог доставил скрин принт каде се гледа дека апликациајта се затворила пред време.

Постоловска смета дека треба да се уважни приговорот.

Борис Кондарко, пак, рече дека има сомнежи за двата приговора и ќе
гласа против.

Не обвини и не прозва никого.

Посочи дека иако се работи за две физички лица, тие доставиле исти докази–слика од нивните мобилни телефони.

Смета дека се работи за вербални наводи, нема факти и докази и оти приговори се задоцнети.

Сомнително и симптоиматично, според него, е тоа што за двата приговара скрин принтот од телефоните, процентот на батеријата на телефонт и времето е потполно исто.

Потпретседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху
предложи нивните стручни служби да проверат дали навистина апликацијата е предвреме затворена, дали имало проблеми со апликацијата и да дадат образложене, заедно со правната служба.

Но, членовите на ДИК не го прифатија нејзиниот предлог.

актуелно ДИК избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.