Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитриевски: „Не смееме да дозволиме да се избрише историјата“
Македонија

Димитриевски: „Не смееме да дозволиме да се избрише историјата“

октомври 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска положи свежо цвеќе пред спомен Костурница и се обрати пред присутните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Рече дека 11 Октомври има посебно значење за кумановци.

„Ова е ден кога од Куманово започнала борбата за промени. Ова е ден кога од Куманово започнала револуцијата и отпорот против фашизмот. Ден кога започнала борбата за ослободување на државата. Овој ден со црвени букви е запишан во кумановската и македонската историја. Историјата е таа што ни дава основа да постоиме, сегашноста е подготовка за иднината, а иднината треба да биде подобра од минатото. Изгледа оваа лекција никако да ја научиме, бидејќи сегашноста требаше да биде подобра од минатото, а не да се плашиме дека иднината ќе ни донесе реприза на претходно видено минато“, истакна Димитриевски.

Според него, денес повеќе од кога било порано важно е да не заборавиме дека Македонците заедно со Србите, Албанците, Турците, Ромите, Власите се бореа против бугарскиот, германскиот и италијанскиот фашистички окупатор.

„Денес од кога било порано е важно да ги знаеме нашите корени, нашите битки, нашата историја, затоа што таа историја е корен на нашиот идентитет. Денес од кога било порано е важно да знаеме дека македонскиот идентитет не е и не смее да биде предмет на договори. Идентитетот не се брише со гума, не се менува, тој останува. Ние политичарите сме менлива категорија, а народот е тој истиот. Народот е тој што го носи идентитетот и никој, ама баш никој, не смее да си игра со тоа прашање. А ако некој сака да избрише дека сме се бореле против бугарскиот фашистички окупатор, тој тогаш историјата или не ја смета за своја,  или има некаков друг проблем. Да не бидам погрешно сфатен, јас немам против ниту еден народ негативни чувства. Но, имам проблем кога некој се обидува да не претстави како дел од друга нација и друга историја. Е тогаш секој од нас има право да реагира. И бидете сигурни ваков случај, како нашиот македонски нема никаде во светот. Никаде на друго место не се негира постоењето на еден народ, и нема обиди за менување на историја и за бришење на делови, што на некого не му одговараат, рече Димитриевски

Вели дека има проблем со бришењето на зборот „бугарски“ од спомен плочите бидејќи и неговото, но и семејствата на потомците се бореле против тој окупатор.

„Јас имам проблем бидејќи никој од Бугарија досега не се извинил за злоделата што ги направиле во Македонија, по примерот на Германија и нивните канцелари Брант и Меркел, туку се обидуваат да ги избришат од историјата. Е па тоа не може да се случи! Не смееме да дозволиме тоа да се случи! Заради нашите предци, заради нашите поколенија. Мора да постојат црвени линии, кои не смееме да ги поминеме и мора да порачаме дека секој оној што сака да го стори тоа народот ќе го казни. Бидејќи овој народ знае да ја покаже својата сила најмногу кога некој го потценува. Овој народ знае да ја покаже својата сила кога некој сака да го понижи“, рече Димитриевски.

 

идентитет историја куманово Максим Димитриевски окупатор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026

СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0

септември 25, 2026

Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.