Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитриев: Го информиравме ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле
Политика

Димитриев: Го информиравме ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле

октомври 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница едногласно усвои заклучок со кој го информира Јавното обвинителство за дилемата која ја увиделе при посетата на Агенцијата за национална
безбедност, дека дел од наредбите биле прекинати со завршување на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање, а дел не се.

Ова денеска по завршувањето на седницата го изјави претседателот на Комисијата Емил Димитриев.

Во заклучокот стои дека Комисијата бара мислење и став на Обвинителството по однос на наведениот проблем.

„Во меѓувреме овој случај го проверувавме и со Оперативно-техничката агенцијата, со оглед на тоа што при самиот увид не ни беа дадени наредбите да ги видиме. Дел од материјалите денеска ги добивме како Комисија. Ние сепак одлучивме да го запознаеме Јавниот обвинител без да прејудицираме дали притоа има незаконско работење во делот на трансферот на наредбите“, изјави Димитриев.

На собраниската Комисија, на која прва точка на дневен ред беше Извештајот од извршениот надзор над работата на АНБ, присуствуваше и директорот на АНБ, Виктор Димовски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Димитриев рече дека бројот на наредбите варира.- Едни наредби завршуваат, други почнуваат, така што тука нема константен број. Принципот на работа е ист, техниката на работа е иста од УБК со сегашната АНБ.

Нашата дилема беше во тој дел бидејќи повеќето членови на Комисијата сметаме дека навистина требало да се направи прекин кога завршува УБК и со нова наредба истите тие таргети и броеви да бидат воспоставени од новата Агенцијата.

„Се работи за правно толкување и сметаме дека Обвинителството треба да биде информирано без да прејудицираме дали има или нема незаконско постапување“, рече
Димитриев.

Посочи дека од страна на претходниот директор има известување до Јавното обвинтелство дека сите наредби треба да бидат прекинати, но, веројатно,како што рече, ЈО се има упатено до АНБ да не ги прекинува сите наредби со оглед на тоа дека тие завршуваат брзо по почнувањето со работа.

„Ние тоа го имаме воочено и должни сме да го информираме Обвинителството бидејќи тоа е суштината на надзорот. Не смееме да ги премолчиме тие работи. Може да се и законски, но добро е сите институции бидат информирани“, рече Димитриев.

Прашан за вработувањата и полиграфските тестирања, Димитриев рече дека тоа е предмет на работа на другата Комисијата за надзор над работата на АНБ.

„Се согласувам дека во изминатиот период имаше многу компромитирачки информации и ставови по однос на селекцијата, за кои треба како држава да видиме дали држат и ако навистина се направени такви пропусти да бидат елиминирани зошто не е добро оваа нова институција којашто има витално значење за нашата држава во почетокот
од својата работа да ја следат вакви обвинувања. Обвинувањата се сериозни и се на линија на непочитување на законот“, рече Димитриев.

Смета дека полиграфот и тестот за интегритет се законски одредби, не се нешто што некој треба да ги интерпретира дали треба или не треба.

актуелно димитриев јо УБК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.