Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Без ЕУ перспектива во октомври ќе се зајакнат националистичките сили
Политика

Димитров: Без ЕУ перспектива во октомври ќе се зајакнат националистичките сили

септември 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Агенција Европа, предупредува за ризиците кои и се закануваат на Северна Македонија доколку ЕУ не
додели датум за старт на преговори во октомври.

„Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистички сили и популистите ќе се зајакнат, тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце“, изјави Димитров во интервју за Агенција Европа при неговата последна посета на Брисел минатата недела.

Во разговорот, Димитров го споделува својот оптимизам за одлуката на Советот на 15 октомври и смета дека земјата има „многу убедливи аргументи“, пред сѐ „очигледен напредок кон вистинска европска демократија“, како и постигнувањето на договорите со Грција и Бугарија.

„Имаме слух за загриженоста на некои земји членки околу тоа како да процесот на пристапување да се направи построг и повеќе ориентиран кон промена, што е во срцето на интересите на населението во регионот“, вели министерот за надворешни.

Што се однесува до одлагањето на одлуката за датум во јуни годинава, Димитров смета дека министрите немаа доволно време да го разгледаат напредокот во четирите клучни области дефинирани во јуни 2018, поради кусиот рок помеѓу објавувањето на извештајот на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.

„Сите погледи се сега свртени кон средината на октомври, мислам дека влогот е таков што има сериозни размислувања во престолнините за начинот да се зграпчи оваа прилика во момент кога нема многу прилики за успех“, објаснува Димитров.

Во случај Македонија да не добие зелено светло овој пат, по четиринаесет години кандидатски статус, министерот предупредува: „нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред“.

Тој истакнува и дека Северна Македонија целосно ја поддржува европската интеграција на Албанија, но дека земјата не смее да биде жртва на логиката на ставање земји во пакети и потсетува дека процесот е заснован на индивидуална заслуга.

Запрашан што мисли за новиот предлог за комесар за проширување на претседателката на Европската Комисија, поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трочањи, Димитров не крие дека Македонија има спор со Унгарија околу азилот на осудениот поранешен премиер, Никола Груевски.

Но, смета министерот, важно е двете земји да соработуваат за заедничките интереси и покрај нивните разлики.

„Охрабрени сме и ги цениме пораките на избраната претседателка во однос на нашиот регион, нејзиниот интерес и цениме дека во ЕК е навистина важно да се сочуваат двата столба врз кои почива успешно членство. Првиот е регионот да стане европски, значи да има ангажман, а вториот е строгиот и праведен пристап во проценувањето на напредокот или недостатокот од напредок“, вели Димитров.

Тој смета дека колеџот на еврокомесарите, по сослушувањата во Европскиот Парламент, ќе биде внимателен да се сочуваат овие два столба.

актуелно димитров ЕУ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.