Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината на државата
Македонија

Димитров: Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината на државата

февруари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Главната тема на претстојните претседателски избори треба да биде иднината на државата, а во однос на тоа дали е можен кандидат за претседател посочува дека има многу квалитетни луѓе во коалицијата и оти најважно е Владата да има принципиелен партнер во идниот претседател, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Радио Слободна Европа.

„Мислам дека главната тема на претседателските избори треба да биде иднината на нашата земја. Како до подобар живот за нашите граѓани, како да не се мислиме што ќе биде со нас, дали ќе не биде и тука ќе се судрат двата наративи, едниот на надежта и другиот на стравот, вели Димитров, одговарајќи на прашањето дека се чини оти кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска по досегашните настапи сака главна тема на претседателските избори да биде Преспанскиот договор.

Во однос на тоа дали има доволно високо расположение во ЕУ за доделување датум во јуни за преговори со оглед на критиките од Брисел, посебно за владеењето на правото, Димитров оценува дека ќе биде голем проблем за кредибилитетот за целиот пристапен процес за политиката на ЕУ кон Балканот, ако не се поддржи успехот на нашата земја.

„Мислам дека е од голема важност иднината на СЈО. Тоа е важно. Мислам дека имаме голем аргумент не само со новиот закон со кој се формираше Комисијата за корупцијата, туку и како ги избравме антикорупционерите. Значи, имаме Комисија со заби која може да гризе, а составена од луѓе избрани на јавен транспарентен начин. И од секаде добивам сигнали дека таму има извонредна експертиза. Ако испорачаме уште некои работи ќе имаме добра кондиција по европските избори да ни дозволат да го почнеме патот кон Европа, смета Димитров.

Прашан дали Министерството за надворешни работи има дипломатски активности за случајот Груевски за негова екстрадиција, Димитров вели дека овој проблем се реактуелизира со последните чекори од Обвинителството во однос на 27 април. – Ние тука имавме делумна амнестија, која направи дистинкција, ги разграничи оние кои организирале, оние кои учествувале во насилство. Ќе видиме што ќе направи Обвинителството, мислам дека ќе има кон Министерството за правда едно дополнување на барањето за екстрадиција, вели Димитров, додавајќи дека со Унгарија имаме различно гледање на случајот Груевски.

„Имаме различен интерес и целосно различно гледање на случајот со Груевски, бидејќи ние имавме домашна задача од Европскиот совет во заклучоците од минатата година – да има одговорност за индициите за злоупотреби, криминал, корупција од прислушуваните разговори и за нападот врз Собранието, посебно за организаторите и иницијаторите, појаснува Димитров.

актуелно димитров ЕУ избори претседателски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.